-0.3 C
Прилеп
недела, 22 декември, 2024
Пела Радио

„Човек – Муза“- едукативна изложба на уметности генерирани од вештачка интелигенција

Во ликовниот салон од ЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп на 22 ноември 2024 /петок/ од 19.00 ч.  ќе биде отворена изложбата „Човек – муза“ од Зоран Тодороски, која е всушност едукативна изложба на уметности генерирани од вештачка интелигенција.

Едукативната изложба има за цел да ги презентира некои од можностите на вештачката интелигенција кои се достапни за обичниот корисник, како и да ги запознае присутните со историјата, суштината и достапните алатки и можности на обичниот корисник. Кратко, со присуството на оваа едукативна изложба посетителот ќе се стекни основните знаења, вештини и совети за интеракција со оваа релативно нова алатка.На настанот е планирано наколку кратки излагања од организаторот и истакнати експерти кои во релаксирана атмосфера ќе ги запознаат со историјата, клучните моменти во развојот како и начинот на функционирање на техничко ниво. Планирано е да бидат изложени слики во различни стилови и техники генерирани од вештачка интелигенција пропратено со музика и поезија генерирана од вештачка интелигенција кои ќе ги воодушеват присутните  но и ќе предочат недостатоците  и неопходноста на инспирација, мотив и човечка емоција во уметността – вели Зоран Тодороски.

Поимот вештачка интелигенција започнува да се употребува уште  во почетокот на 50- тите години, со нејзината појава, кога развојот беше условен од ограничената моќ на компјутерските системи во тоа време. Забрзаниот развој на компјутерските ситеми овозможи забрзан развој во оваа област што евентуално ќе ја направи комуникацијата со машините  по човечна а со тоа и полесна и подостапна употребата на напредната технологија генерално. Овој забрзан развој доведе до појава на таканаречените „Големи Јазични Модели“ кои станаа популарни пред се поради нивната намена за употреба од обичните корисници без потрбно специјална обука и поради нивната универзалност. Како и да е, самиот поим Вештачка Интелигенција, нејзините можности, достапността и начинот на употреба остана ексклузивна привилегија за оние по упатените во технологијата поради одсуството на информативен медиум што би ја запознал генералната јавност.

Секако дека крајниот збор ќе биде оставен на уметниците кои ваквиот настан го оценија како, интересен и потребен.

Би можело да ве интересира

Прилеп руши рекорди во дневните Ковид биланси

Гордана Цветаноска

Доживотна казна затвор, за првпат изречена во историјата на прилепското судство

Елизабета Филипоска

Општина Прилеп ќе бира спортист на годината

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе