9.8 C
Прилеп
вторник, 22 април, 2025
Пела Радио

Филмот „Убиј ги прво децата“ ќе се прикажува во Мис Стон

Филмот „УБИЈ ги ПРВО ДЕЦАТА“ ќе се прикажува во кино Мис Стон, на 26.11.2024 – 19.00 часот.

Убиј ги прво децата“ е комична приказна за тинејџерка балерина, нејзиниот лудо вљубен дечко и неговиот налудничав најдобар другар со украден полициски пиштол кои се губат во најдлабоките лавиринти на  криминалното подземје заради мобилен телефон што содржи компромитирачко видео.Влезници на билетарницата од киното понеделник и вторник од 10 до 12 .00 ч. и еден час пред почеток на проекцијата

Шармантен, младалачки, шизички, љубовен… филм кој прво ќе ви ја убие досадата (ако ја убиете прво мрзата и отидете да го погледнете). Урбана тема, гај ричиевски ритам, супер музика, одличен микс од професионални глумци и натуршчици, реплики за памтење. Ќе ве освежи!Филмот имаше светска премиера на  30. Филмски фестивал во Сараево, а го затвори 45. издание на Интернационалниот фестивал на камера (ИФФК) „Браќа Манаки“ во Битола на  септември.Во филмот играат Миа Жиро, Стефан Спасов, Мартин Ѓоргоски, Адриан Азири, Александар Ѓоргиески, Стефан Вујисиќ и други. Камерата е на  Владимир Самоиловски, дизајнер на продукција е Сашо Блажевски, костимите се на Ина Чолак, сценографија на Калина Игновска, монтажата на Софија Самоиловска, а музиката на Игор Василев-Новоградска.

Година: 2024

 Режија: Димитар Оровчанец

Продукција: ТРИС ФИЛМС, ДМФ ФИЛМС

Времетраење: 106 минути

 

Би можело да ве интересира

Крушевските терени подготвени за вечерно скијање!

Гордана Цветаноска

Прекини на водоснабдувањето во Прилеп и во повеќе крушевски населени места

Пела Редакција

Концерт на женскиот хор „Керамија“

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе