3.2 C
Прилеп
четврток, 16 јануари, 2025
Пела Радио

Ристески: Очекуваме над 800 производи да бидат дел од „Новогодишната кошница“(ВИДЕО)

Акцијата – „Новогодишна кошничка“ е креирана од бизнис секторот и стопанските комори со поддршка на Владата. Ова е за прв пат на ваков начин да се реализира една иницијатива во соработка со производителите, компаниите и трговската мрежа, за која што, вели Марјан Ристески, заменик министер за економија, најголем бенефит ќе имаат граѓаните бидејќи се поттикнува општествената одговорност на компаниите, како и конкуренцијата во понудата од цени на пазарот.

  – Интересот е многу голем и секојдневно се пријавуваат компании. Почетно беа околу 650 производи, сега бројката надминува 700, односно, досега се вклучени 713 производи или 63 компании кои учествуваат во оваа мерка, рече Ристески.

Производите кои што ќе влезат во „кошницата“ ќе бидат означени со налепници на кои ќе пишува „Помалку трошоци – повеќе за тебе“.

Ќе биде истакната и претходната цена и цената после намалувањето, за купувачите да видат колку цените се намалени и колку се намалени тие производи. Поразлично е и тоа што сега се опфатени сите групи и производи, меѓутоа не сите производи во група како што беше претходно, туку оние производи кои што ги имаат понудено самите компании. Граѓаните сите информации за тоа кои производи се намалени и во кои маркети можат да ги видат на страната www.mojakosnica.mk каде што со клинување на самите икони од страна на компаниите и маркетите излегуваат сите производи кои што ќе бидат намалени, односно тие што се влезени во „Новогодишната кошница“, рече Ристески упатувајќи апел до сите производители и диструбитери, увозници и маркети да се вклучат и да ја збогатат кошничката.

Акцијата „Новогодишна кошница“ ќе трае од 15 декември до 15 јануари, а ќе има мониторинг од страна на Пазарната инспекција. Најмалото намалување на производите треба да изнесува 10% .

-Според Законот за заштита на потрошувачи кога има одредени акции, треба да биде земена најниската цена од претходниот месец, значи од 15 ноември до 15 декември и на таа цена да има најмалку 10% намалување на производите кои што ги имаат понуда на самите компании, посочи Ристески кој што акцијата ја оцени како историска бидејќи не е продуцирана од страна на Владата и Министерството за економија и труд.

На новинарско прашање дали оваа акција би можела да се применува преку целата година, а не периодично Ристески рече:

„Ако навистина е ова успешно, оваа мерка ќе ја спроведуваме и понатаму, во одредени делови од годината, кога имаме зголемени трошоци и кога имаме големи празници, како што се наредно Велигден, Рамазан, Есенската кошница и така натаму, и ќе гледаме се’ да биде во интерес на граѓаните, односно да го подобруваме животниот стандарт и нормално да имаме посреќни граѓани во Република Македонија“, рече Ристески и посочи дека очекувањата од ефектите на оваа акција се поголеми од претходната мерка бидејќи ќе бидат опфатени повеќе од 800 производи.

Би можело да ве интересира

Краткотрајно невреме со пороен дожд и град во Пелагонија

Гордана Цветаноска

Двајца прилепчани приведени за кражба

Пела Редакција

Руралната жена- Невидливиот столб на одржливоста

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе