2.4 C
Прилеп
сабота, 22 февруари, 2025
Пела Радио

Шубо беше тогаш : Ко “че” се договориш пред реклами, договорено е !! (ФОТО)

Младоста ја поминав во Прилеп , корзото полно со млади, после во Липа на музика, мирно без стрес, а после за враќање се знае пред РЕКЛАМИ, убави времиња и нераскинлива меморија за тоа кај  да се најдeш со пријателите.

Ехее тоа беа времиња,  со постери пред  РЕКЛАМИ  се прикажуваа филмовите од едната, а од другата страна за следната недела. Тоа беше главно собиралиште за состаноци на сите. Тоа беа времиња, Прилеп град на младоста и љубовта.

„Тоа беа времиња, тука си ја фатив жена ми пред реклами , тогаш само речи пред РЕКЛАМИ  и че дојди со че прај!“

„Секоја мајка можеше да си го најди чедото каде ? Па пред РЕКЛАМИ нормално, сега за жал немаме такви култно место!“

Вака некако изгледаат коментарите на оние кои навистина ги доживеале моментите поминати во времето кога главно место за собирање и за дружба беа рекламите во центарот на Прилеп. Прилепчани барем сега кога владее дигиталната ера, можат да се потсетат преку различни коментари и навраќања на едни убави времиња кога се разбира дека РЕКЛАМИТЕ ги правеа среќни. Многу спомени се испреплетени на оваа локација која во денешно време само го користи името, но ја изгубила поентата која ја имаше некогаш.

Кој знае можеби ќе се појават нови РЕКЛАМИ?  Или пак само ќе продолжат сеќавањата за оваа култна позиција која многу ретко ја имаат други градови, зашто ова е една местоположба која некогаш ги спојуваше и ги хранеше со љубов, енергија и мотивација многумина!

 

Би можело да ве интересира

Велики петок најтешкиот празник во православниот свет

Пела Редакција

Цветници, празник во спомен на влегувањето на Исус во Ерусалем

Пела Редакција

Дали белата чума е закана за општините од Пелагонискиот регион?!Колку жители има Прилеп, Крушево, Долнени, Кривогаштани..според Државниот завод за статистика?

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе