16 C
Прилеп
четврток, 4 јуни, 2026
Пела Радио

На одредени ловишта евидентирана африканската чума кај дивите свињи

Со цел сузбивање на болеста африканската чума кај дивите свињи, Агенцијата за храна и ветеринарство објави во кои ловишта во Македонија е потврден болеста африканска чума каj дивите свињите. Тука се наведени 59 ловиштата за крупен дивеч во Македонија, меѓу кои во околината на Пелагонија ловиштата:  Ниџе, Облаково  – Битола, Рожден – Кавадарци, Добра Вода – Кичево, Тајммиште, Стровија-  Прилеп итн, 20 ловишта за ситен дивеч каде болеста африканска чума кај свињите е потврдена.

Врз основа на епидемиолошките состојби и лабораториските наоди добиени од Националниот институт за храна и ветеринарство новопотврдени ловишта за болеста африканска чума каj дивите свињите се ловиштето Кубринова – Општина Ресен и ловиште Дебарца-Општина Дебарца.

„Вирусот на африканската чума е болест која се пренесува само кај свињите, односно од неа заболуваат само дивите и домашните свињи. Болеста не е опасна и не се пренесува на луѓето, но тие можат да бидат нејзини преносители“, велат од Агенцијата за храна и ветеринарство

Доколку се биде пронајдена угината дива свиња, од  Агенцијата за храна и ветеринарство замолуваат тоа да биде пријавено заради сузбивање на оваа болст кај дивите свињи.

2412.16 РЕШЕНИЕ за определување на ловишта каде болеста африканска чума каj свињите е потврдена кај дивите свињи

Би можело да ве интересира

Прилеп го одбележа “Виолетовиот ден“ за поддршка на лица со епилепсија

ЗНАМ кандидати за советници: Посветени на зачувување и унапредување на културното богатство

Пела Редакција

До каде е изградбата на резервоарот за вода во с. Белушино?

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе