-1.4 C
Прилеп
недела, 23 февруари, 2025
Пела Радио

Сеќавање на прилепчаните Илија Џувалекоски и Властимир Николовски

На 20 декември 1915 година во Прилеп роден е еден од бардовите на македонското  глумиште, Илија Џувалекоски.  Тој е театарски, филмски  и телевизиски глумец, режисер и педагог.

Тој бил еден од најангажираните и најпознати македонски театарски и филмски глумци заедно со петре Прличко, Кирил Ќортошев, Тодор Николовски, Ристо Шишков и Илија Милчин.

Меѓу бројните улоги одиграни на домашната и меѓународната филсмак и театарска сцена, ќе споменем дека во улогата на Крсте се појавува во првиот македонски филм „Фросина“ по сценарио на Владо Малески,а во режија на Воислав Нановиќ.

Починал на 18 октормври 2004 година во Скопје.

На 20 декември 1925 година во Прилеп е роден македонскиот композитор Властимир Николовски.

Тој припаѓа на втората генерација повоени македонски композитори и е еден од најплодните македонски композитори на XX век, со 140 дела за најразлични состави. Неговиот музички јазик е умерен, експресивен, со потпирање на духовното и фолклорното поднебје на Македонија. Исто така, тој се занимавал и со публицистика при што напишал над 30 статии во кои обработува проблеми главно сврзани со македонското музичко творештво.

Починал во Скопје на 21 март 2001 година.

Фото: Олд Прилеп и Википедија

 

 

 

 

 

Би можело да ве интересира

Општина Прилеп: заостанатите даночни обврски граѓаните и фирмите да ги подмират до 15 ти август 2024

Пела Редакција

Перото на македонските автори за деца во нашата училница

Пела Редакција

„Хамлет“ во режија на Брезовец премиерно во прилепскиот театар

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе