7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Работниците на протести во Скопје, Владата ќе расправа за Еурокомпозит

Група од 40 тина работници од Еурокомпозит, како што најавија вчера, од утринава поставија шатори пред Владата и велат дека ќе останат таму се до решавање на нивниот проблем. Причината за тоа е како што велат од синдикалната организација неисполнетите барања и ветувања од страна на владиниот тим за решавање на децениската социјална агонија- неисплата на плати, неподмирување на придонеси. Според најавите на премиерот Зоран Заев, кој денеска присуствуваше во работна посета на Прилеп и пуштање во употреба на новата Пречистителна станица, состојбата на Еурокомпозит
денеска ќе биде во рамките на посебна точка на седницата на Владата.
– Суштината е дека Владата ги исполнува ветувањата но, продукција никако не се случува во Еурокомпозит, и во ред, двете страни имаат оправдување. Веднаш по завршувањето на пуштањето во употреба на овој прекрасен објект имаме седница на Владата, иако седницата ја води вицепремиерот Радмила Шеќеринска, таа точка е последна со цел да присуствувам на расправата. Станува збор за „купување месеци“ додека не заврши комплетната процена за објавување на продажба. Паралелно со тоа, планираме и пакет за испраќање технолошки вишок на оние вработени кои сакаат да заминат. Конечната цел ни е интересот на работниците, а секако и иднината на Еурокомпозит зашто се надеваме дека ќе продолжи со производство на материјали за безбедносните служби во земјава, но и производи за извоз, одговори премиерот Заев на новинарско прашање во врска со конечното разрешување на сеуште отворените прашања на прилепскиот загубар Еурокомпозит.

Би можело да ве интересира

Прилепските фирми се соочуваат со недостиг од работна сила

Гордана Цветаноска

ЈАКИМОВСКА: „Не сме имуни на енергетската и здравствената криза, но со квалитетна работна сила компанијата и во 2022 г. стои стабилно на својот пат“

Елизабета Филипоска

Живот на долг: 3,97 милијарди евра македонските граѓани им должат на банките

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе