0.8 C
Прилеп
четврток, 26 декември, 2024
Пела Радио

Отворена изложбата на дела од „Мал битолски Монмартр“(ВИДЕО)

Попладнево  во ликовниот салон на Центарот за култура „Марко Цепенков“  во Прилеп, беше отворена единаесеттата по ред изложба на дела од детската ликовна колонија „Мал битолски Монмартр“.

Детското ликовно студио Свети Кирил и Методиј – Битола кое работи 57 години низ последните 44 без прекин ја реализира најстарата и најголема светска детска ликовна колонија „Мал битолски Монмартр” на која само на конкурсот „Битола” за 2О24 година пристигнаа над 8ОО пратки од исто толку државни и приватни школи од над 85 држави кои генерираат фонд од над 6О.ООО детски ликовни цртежи.

Тоа беше и основ во периодот од 23 – 31 мај во Битола да бидат поканети 25 делегации од 22 држави кои учествуваат со над 18О учесници на 43 издание на “Мал битолски Монмартр” на кој традиционално седум дена се твореше на темата староградска битолска архитектурата,  а беа реализирани и еднодневни работни посети на Охрид и 1.ООО годишниот манастир Свети Јован Битолски.

Колонијата генерираше над 6ОО дела со што збирот на цртежи од колонијата и конкурсот ја надмина цифрата од 1.5ОО.ООО цртежи за 44 години.

Во Прилеп под насловот „Бисерите на Мал Битолски Монмартр” Детското ликовно студио Свети Кирил и Методиј Битола со НУ „Марко Цепенков“ веќе 11 години без прекин ја реализираат изложбата на сегмент од овие дела со надеж дека учесниците наскоро ќе можат еден работен колониски ден да поминат и во Прилеп.

Оваа изложба е последна активност на ликовната дејност при ЦК „Марко Цепенков“ за годинава, а со вечерашната претстава „Ученикот“ и со новогодишниот концерт на музичкото училиште „Ордан Михајлоски-Оцка“, Центарот завршува со активностите за годинава во која одбележа 45 години од своето постоење.

Ф.Д.

See les

Би можело да ве интересира

Денеска гласаат болните, затворениците и дијаспората

Митрески: Прилеп може да биде енергетски независен!

Без конкуренција прво место за прилепските млади музички виртуози на народни инструменти

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе