Новиот Буџет на локалната самоуправа Прилеп за 2025 година, „тежи“ 2.134.797.237,00 денари (или приближно две милијарди сто триесет и пет милиони денари) и споредбено со Буџетот за 2024 бележи раст за 252 милиони денари. Советниците со мнозинство гласови го изгласаа Буџетот на Општина Прилеп за 2025 година како прва точка на денешната 54-та Седница на Советот на Општина Прилеп, последна во оваа година.
Градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески посочи дека предложениот Буџетот на Општина Прилеп за 2025 година е развоен и е во интерес на заедницата, креиран според барањата и потребите на граѓаните.
Буџетот за 2025 е со реални и одржливи финансии. Заснован е на внимателна анализа на приходите и предвидливите трошоци, со стратегија да ги максимизираме приходите од надворешни извори, грантови и донаторски средства. Во него се планирани инвестиции за енергетска ефикасност и поддршка на проекти за зелена транзиција, за поттик за локалниот бизнис преку стимулативни програми и подобрување на деловната инфраструктура.„
Буџетото, главно, ќе се троши за инфраструктурни зафати: изградба и реконструкција на улици и локални патишта, кружени текови, катна гаража, изградба и реконструкција на тротоари и пешачки патеки, зимско одржување и заштита, за одржување на хоризонтална и вертикална сигнализација на патишта на територијата на Општина Прилеп, за подобра животна средина: 90 милиони денари од Буџетот се наменети за изградба на фабрика за рециклирање на отпад, 62,5 милиони денари од Буџетот ќе бидата за изградба и одржување паркови и зелени површини и одржување на јавната чистота, 35,6 милиони денари од Буџетот се предвидени за изградба, реконструкција и одржување на Јавното осветлување и трошоци за потрошена електрична енергија; 27,9 милиони денари, беше посочено од излагањето на градоначалникот, ќе бидат наменети за урбанистичко планирање; 19,6 милиони денари за изградба на системи за водоснабдување, фекална и атмосферска канализација; 10,3 милиони денари за изградба на модуларна катна гаража, 9,3 милиони денари за изработка на проектна документација од нискоградба и високоградба за потребите на Општината. Во буџетот се предвидени и средства за субвенционирање на граѓаните за набавка на клима уреди-инвентери, велосипеди, подршка на културните манифестации, спортот и физичката култура (10,2 милиони денари) како и буџетската подршка за финансиската стабилност и ликвидност на ЈКП формирани од ЕЛС, стипендии за талентираните ученици; бесплатни оброк за ученици од прво до трето одделение, стипендии за студенти, награда за талентирани ученици, восиптувачи, наставници, за финансиска поддшка на основните и средните училишта, социјална заштита за деца и стари лица, за финансиска поддшка на Градската Библиотека, финансиска поддршка за противпожарна заштита, за субвенционирање на јавениот градски превоз за пензионерите кои примаат минимална пензија…
За буџетот не гласаа советниците на коалицијата на СДСМ, кои сметаат дека буџетот не е развоен, бидејќи во него нема ниту еден нов проeкт во интерес на граѓаните, ниту ,пак , оние кои ги ветуваше градоначалникот во изборната програма. Коалцијата поднесе и пет амандамни за пренамена на средства ( за купување на протипожарни нови возила и протипожарна опрема, за поставување на видое опрема за безбедност на учениците во училиштата , бесплатен оброк за децата до петто одделение, пренамена на средства за спорт и младити) во проекти и субвенции за услуги за граѓаните, кои не беа прифатени од мнозинството.
Советниците денеска, речиси, едногласно ги изгласаа и ги прифатија предложените програми: програмите за работа на Советот на Општина Прилеп за 2025 година, програмата за субвенционирање на Јавните Комунални Претпријатија основани од ЕЛС Општина Прилеп за 2025 година, програмата за уредување на градежно земјиштето на подрачјето на Општина Прилеп за 2025 година, Буџетски Календар на Општина Прилеп за 2025 година, програмата за субвенционирање на месечните трошоци за вода на социјално ранливи категории граѓани за 2025 година, програма за социјална заштита, заштита на децата и здравствена заштита на Општина Прилеп, програма за обезбедување на оброк за учениците во прво, второ и трето одделение од основните училишта за 2025 година, програма за доделување на еднократна парична помош за новороденче, програма за доделување на стипендии на студенти од Општина Прилеп, програма за спроведување на општи мерки за заштита на населението од заразни болести во 2025 година, како и програмите за спорт, образование, култура-фестивали и манифестации, за одбележување на значајни настани, личности и празници на Општина Прилеп за 2025 година. Едногласно беа усовени и програмите за: доделување на награди за талентирани (наградени) ученици во основните и средните училишта, програмата за доделување награди за најдобар наставник во одделенска и предметна настава во општинските основни училишта и најдобар наставник во средните општински училишта, програмата за доделување награди за најдобар воспитувач и најдобар неговател вработени во ЈОУДГ ,,Наша иднина‘‘ Прилеп и програмата за поддршка на локалниот економски развој за 2025 година.
Советниците дискутираа и за актуелната безбедносната состојба во општината, кое како барање го достави до советниците го достави опозицијата. Инфомацијата за безбедносна состојба на општината наиде на низа дискусии и прашања упатени до градоначалникот и до командирот на ОВР Прилеп, кој извештајно ја пренесе сликата за општата безбедносна состојба во градот. „Безбедносната состојба во Прилеп е стабилна и не е загрозена.“ рече тој, пред советниците.