20.4 C
Прилеп
сабота, 19 април, 2025
Пела Радио

Мал новогодишен прилепски саем на книги

Последниов викенд од годинава во Прилеп има повеќе случувања од различен тип, со цел секој да си најде начин да празнува и да си ги разубави последните денови од годината што си заминува.

Во организација на Винтер априкотс, познати како организатори на истоимениот филмски фестивал, кој е поместен за јануари идната година, во кафулето Лувр во Прилеп, в петок на 27 и в сабота на 28 декември, ќе се одржи Мал новогодишен прилепски саем на книги.

Освен можноста за збогатување на вашите домашни библиотеки со уште некој наслов, како за возрасните така и за најмладите, ова е добра шанса да се преброиме, да испиеме по некоја пијалак, подобро да се запознаеме меѓусебно, да разговараме за она што нѐ засега и заедно да се бориме против културната ерозија во нашиот град-велат организаторите. 

 

Ф.Д.

Би можело да ве интересира

Монодрамата „Пауна“ утре во Прилеп

Услуга помош и нега во домот-успешна приказна во Прилеп, Долнени и Кривогаштани

Гордана Цветаноска

Се одбележаа 160 години од раѓањето на Ѓорче Петров

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе