Под мотото „Пренеси ја Божикната радост до секое срце“ на Бадниковата поворка учествуваа повеќе од 300 дечиња, што е најголема бројка на деца кои учествувале на поворките во Прилеп кои годинава се организираат по 15 ти пат.
Поворката започна од Камената бина каде што беше поставена Божиќната пештера па продолжи кон параклисот на Св.Никола, низ старата чаршија, потоа кон плоштадот, кон НУЦК Марко Цепенков и повторно децата се вратија на камената бина каде ги отпеаа песничките „Вечниот Бог”, „Тропар на Рожденство Христово” и „Кондак на Рождество Христово”. Дечињата беа пречекани од градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески кој симболично ги даруваше дечињата од поворката.