10.7 C
Прилеп
понеделник, 31 март, 2025
Пела Радио

Министерство за транспорт: железничкиот сообраќај се одвива нормално и без прекин

Министерството за транспорт и врски преку соопштение ја инфомира јавноста дека железничкиот сообраќај се одвива без проблеми и без прекин. Известувањето го објавуваме во целост:

Ве информираме дека патничкиот железнички сообраќај се одвива нормално и без прекин, со минимални задоцнувања кои брзо се надминуваат благодарение на интервенците од дежурните екипи од ЈП „Инфраструктура“ на терен.  Посебен акцент е ставен на интервенции кај критичните точки, обезбедувајќи непречено и безбедно движење на патничките возови. Товарниот железнички сообраќај се одвива со мали застои, кои главно се предизвикани од заснежени или замрзнати свртници.  Јавното претпријатие „Инфраструктура – Железници“ исто така со дежурни екипи континуирано работат на расчистување и одржување на свртниците, овозможувајќи континуитет во сообраќајот. „Железници на Северна Македонија – Транспорт“ и ЈП „Инфраструктура“ остануваат посветени на обезбедување квалитетна и сигурна услуга за сите корисници, стои во соопштението од Министерството за транспорт и врски.

Би можело да ве интересира

Рози за Тоше, маратонците пристигнуваат во среда

Гордана Цветаноска

Останаа записите за херојството на Прилеп иако „исчезна“ орденот со кој Прилеп е одликуван за град херој

Елизабета Филипоска

ЈОУДГ „Наша Иднина“ добива две нови градинки, а Кривогаштани – Центар за ран детски развој (АУДИО)

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе