30.6 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

Прилеп: Четири нови случаи со Ковид 19

Денеска, сабота 16-ти мај, според информациите од прес службата на Општина Прилеп, евидентирани се 4 нови случаи на КОВИД-19, а од заразната болест оздравеле две лица;
На Инфективното одделение во прилепската Општа болница „Борка Талески“ хоспитализирани се 21 лице, од кои 16 се позитивни на коронавирус. Двајца пациенти се наоѓаат на кислородна поддршка, а заради потешката клиничка слика, еден пациент ќе биде испратен на Клиничката болница во Скопје. Во делот за изолација се наоѓаат 5 пациенти. Од нив, двајца се негативни на коронавирус, а на тројца земен им е брис и се чекаат резултати;
Во самоизолација се наоѓаат 160 лица;
Во изминатото деноноќие не се забележани нарушувања на полицискиот час.

Би можело да ве интересира

Внимателно: На стариот пат од Прилеп до Битола

Пела Редакција

В сабота земјоделска трибина во врска со тутунскиот откуп

Помош за Прилеп од збратимениот кинески град Дејанг

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе