-2.1 C
Прилеп
вторник, 14 јануари, 2025
Пела Радио

Битолска апелација ја отфрли жалбата на жителите од Оревоец за забрана за ископување камен

Битолска апелација ја отфрли жалбата на жителите на прилепското село Ореовец, кои бараа судот да му забрани на Бехтел и Енка да минира камен за тампон во атарот на селото.

Законот кој го регулира работењето на американско-турскиот конзорциум кој гради автопати во земјава, бил над сите закони и немало основа за забрана, се вели во образложението на пресудата. Жителите на Ореовец, кој подолг период не дозволуваат механизација да влезе на каменоломот, се разочарани, но не и изненадени од ваквиот расплет на настаните.

Иако Уставен пред еден месец ја одбил иницијативата за укинување на спорните членови од тој закон, тие повторно ја поднеле, но сите надежи ги полагаат на жалбата, која ја испратиле до Меѓународниот суд за човекови права во Стразбур.

Во меѓувреме, поради Бехтел и Енка се менува уште еден закон – оној за странците. Недостигот од работна сила ќе се надополнува со олеснети услови за странски работници. МВР иницира измени, со кои ќе им се дозволува престој на странци кои не направиле кривични дела само во годината пред да аплицираат, полесно ќе им се продолжува престојот, а Агенцијата за вработување повеќе нема да дава мислење, туку таа обрска ќе ја има само полицијата

Проектот за изградба на автопатите од коридорите 8 и 10Д, тежок 1,2 милијарди евра, кој го доби Бехтел и Енка од почетокот го следеа контроверзии, од обвинувања за корупција, до протести поради загадување или експропријација на земјиште.

Пишува 24.мк ОВДЕ

Би можело да ве интересира

Тутунарите го повикуваат МЗШВ на брза исплата на субвенциите од ланската реколта

(фото) Преспа доживеа ураган – во Прилеп 8 часа непрекинато врне дожд

Тила ја продолжува соработката со основните училишта

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе