7.8 C
Прилеп
среда, 2 април, 2025
Пела Радио

Aкции за почист воздух: општина Прилеп направила 5 вонредни инспекциски контроли

Министерството за животна средина и просторно планирање под чија што надлежност се утврдување на мерки  и активности за чиста животна средина за кои што се задолжени да ги почитуваат, меѓу другите, и општините во Македонија со редовно и вонредни теренски контроли, издаде соопштение за извештаите од локалните самоуправи кои пристигнале заклучно со 23 ти јануари годинава. Општина Прилеп направила 5 вонредни инспекциски контроли во рамките на мерката „Сите на терен“, стои во соопштението:

Согласно „Акцискиот план за грејната сезона 2024 -2025г.“ и обврските, до 23.01.2025г. до Министерството за животна средина и просторно плaнирање се стигнати извештаии за преземени акции од 13 општини од државата и тоа од општините: Прилеп, Тетово, Центар, Илинден, Велес, Штип, Крушево, Ранковце, Гази Баба, Шуто Оризари, Охрид, Град Скопје и Богданци. Во однос на мерката Сите на терен: Вонредни инспекциски надзори на терен за контрола на Б-Интегрирана еколошка дозвола и Елаборати-казнувања и опомени за горење масло, пластика и други опасни материи -казнување и опомени на мали сервиси и погони, општина Прилеп има направено 5 вонредни инспекциски контроли на мали производители и сервиси при што кај сите пет е утврдено дека нема горење на отпадни масла, за три е издадено решение за мерење на емисии во воздух од работата на котелот на пелети и доставување на податоците од МЖСПП, а за еден автосервис што се загрева на шпорет на дрва издадена е опомена – решение за изготвување на елаборат за заштита на животна.

И Општина Крушево од регионов е во групата на локални самоуправи кои поднеле извештаи за редовно мерење на квалитетот на воздухот:

Општина Крушево, во рамките на проектот Крушево и Елбасан – призната прекугранична туристичка дестинација, постави два уреда за мерење на квалитетот на воздухот, една во центарот за параглајдинг во Крушево и другата во близина на метеоролошката станица. Податоците после соодветната статистичка обработка се презентираат на веб сајтот на општина Крушево како и на други мобилни уреди. Истите се прикажуваат во реално време односно се обновуваат во временски интервал од неколку часови. Во однос на инспекторирањето, општина Крушево известува дека нема издадено Б-Интегрирани дозволи на нивната територија, а и нема инспектор за животна средина.

Би можело да ве интересира

Утре е неработен ден за сите граѓани, државниот пазарен инспекторат ќе контролира

Пела Редакција

Опожарени новите електрични мини-буси во Прилеп на Автобуската станица

Пела Редакција

Силекс триумфираше во Прилеп!

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе