7.4 C
Прилеп
четврток, 30 јануари, 2025
Пела Радио

Георгиоски: Спас за Прилеп не застанува тука!

Неформалното здружение Спас за Прилеп, настана во 2023 година како инцијатива на граѓани,  за заштита на животната средина во Прилеп и околината на Прилеп, пред се за заштита на археолошкиот локалитет „Каракамен“. За среќа, благодарение на Спас за Прилеп и на другите граѓани, засега ситуацијата таму е стабилна и нема градежни зафати кои би го уништиле локалитетот и околното место кое вклучува и обработливи површини.

Но, во 2024, Прилеп се соочи со закана од друга еколошка катастрофа, односно можност за уништување на бунарите во с. Ореовец кои претставуваат единствени извори на вода за пиење за селото и за Прилеп кој во државава е најсиромашен град со водни ресурси. Благодарение на Спас за Прилеп се подигна свеста кај населението не само од нашиот град, туку и од цела Македонија, па во моментов нема никакви ископувања таму и бунарите се безбедни.

Од страна на граѓаните дојде предлогот за Спас за Прилеп да биде дел од нашата листа 13 величествени, а Радио Пела го прифати предлогот сметајќи дека зачувувањето на животната средина, е од примарно значење за сите нас.

Во разговорот со Ѓорѓи Георгиоски од Спас за Прилеп, подетално зборувавме за сосотојбите на терен, за дејствувањето на Спас за Прилеп, но го прашавме и за кого го дал неговиот глас во нашата листа на 13 величествени.

 

 

 

Би можело да ве интересира

Проданоски: земјоделците и тутунарите се оставени на милост и немилост, додека во Македонија неконтролирано се продава увезен зеленчук!

За подобра бизнис клима Општина Прилеп и Стопанската комора на Македонија-Турција (МАТТО) потпишаа меморандум

ЛЕВИЦА: ОПШТИНА ПРИЛЕП ВО ПОСЛЕДЕН МОМЕНТ ОРГАНИЗИРА ОГРОМНО ЗАДОЛЖУВАЊЕ

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе