11.9 C
Прилеп
петок, 31 јануари, 2025
Пела Радио

Првото училишно ѕвонче заѕвони пред 80 години – Гимназија „Мирче Ацев“- Прилеп денеска слави

 Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп одбележa 80 години од настава на македонски јазик, формирање на наставнички совет и од првиот училиштен час. Учениците прв пат во училницата  влегле на 1 феврари 1945 година.
Денеска гимназијата „Мирче Ацев“- Прилеп е една од најреспектираните образовни институции и  една од најреномираните средно – образовни училишни центри во Македонија, од каде произлегле плејада македонски дејци како Мирче Ацев, народен херој, по кој, гимназијата го носи името,  Круме Кепески,  автор на првата граматика на македонски јазик, Рамапо Левката,  Вера Циривири народни херои, Блаже Конески, кодификаторот на македонскиот јазик итн.
Во гимназијата „Мирче Ацев“ во овие 80 години учеле околу 14.000 ученици, имало над 300 професори, 45 надворешни работници, 17  административни работници, околу 48 технички  персонал и.т.н.
Тоа се сериозни, и импозантни бројки со кои може да се пофалиме,  ние како училиште во споредба со останатите училишта  во нашата држава“,  беше истакнато на свечена седница на Наставниот совет при Гимназијата, во присуство на наставници/професори кои предавале во Гимназијата, а сега во пензија, поранешни директори, ученици, сегашни и идни и пред присутните гости кои беа дел од свечената седница на Гимназијата.

Денес е голем ден за нашата гимназија.  Денес славиме 80 години од постоењето, 80 години настава на македонски јазик. Чест и привилегија е да се биде гимназијалец. Гимназијата е столб на општественото живеење во Прилеп. Многумина успешни лекари, професори, инженери, архитекти, сликари, спортисти, музичари својата успешна приказна ја започнале токму во оваа гимназија. Денес, на овој ден, сакам да ги поздравам и нашите ученици, гимназијалци кои што ја продолжуваат оваа успешна приказна. Денешниот ден, ќе го одбележиме со повеќе активности. Започна турнир во одбојка, машки и женски, меѓу учениците од средните училишта. Во холот на училиштето имаме изложба која што ја подготвија учениците, имаме свечена академија, односно свечена седница на наставничкиот совет,  со пригодна програма од учениците-истакна директорката на гимназијата, Весна Михаиловска

Прво, како пензиониран професор од гимназијата, да го честитам празникот, да посакам многу вакви јубилеи, бидејќи не е малку 80 години, да бидиш центарот на образовањето во Прилеп, како што спомне и директорката, од тука произлегува најголемата интелектуална сила на Прилеп, која што го носила Прилеп напред, како еден од најпрогресивните градови и во Македонија и пошироко во регионот и во нашето опкружувањето .  Значењето на овој јубилеј е голем, бидејќи представува гордост да се дочека 80 години постојање и при тоа да се зборува за една многу-многу успешна гимназиска приказна на ред-ред генерација, кои што поминале низ ходниците на гимназијата. Изминатиот период малку се подобрине условите за работа во гимназијата  и сега се настојува тие уште повеќе да се подобрат. Се направи целостна реконструкција на фасадата, на покривот, на дел подрумски простори и се надевам дека во наредниот период ќе биде дозавршен тој проект со натрешно доуредување на гимназијата за обезбедување што подобри услови за работа на идните генерацији кои што доаѓаат. Да исчекаме не само 100 уште, 800 години постојање на гимназијата, истакна некогашниот директор на гимназијата, сега пензионер, Диме Настоски

А, учениците прв пат во учениците влегле на 1 феврари 1945. година. Специфично е за гимназијата што освен што е најстара, таа со квалитет создава ученици кои што се посекувани на факултетите. Од гимназијските клупи излегле многу познати професори,  научници, доктори, актери, новинари,лица кои го креираат јавниот и опшествениот живот во Македонија.
 

Во историскиот развој на гимназијата таа поминува низ неколку фази. Во почетокот гимназијата ги опфатила нижите класови,  вишите класови и прогимназии до 1952-1953 година, кога нижите класови се слеваат во основните училишта, а овде остануваат само вишите класови, а прогимназиите престануваат да функционират.  Во тогашниот систем во 1963-1964-та се воведува насочено  образование, тогаш во гимназијата има обшествено-јазична и природно-математичка насока. (4:47) Се до 1983-та година, кога гимназијата прерастува во  еден поголем обштообразовен центар,  во кој освен гимназиско  образование, има и занеаечиско и медицинско образование  и тогаш училишето се вика УЦТМН или Училишен центар за обшествено-технички и медицински насоки. Ова име училишето го има до 1993-та година, кога преминува во општа гимназија. Со наставните програми од 2001-а година училиштето функционира  онака како и денес, со три наставни подрачја: јазично-уметничко, опшествено-хуманистичко  и природно-математичко-  посочи  професорот, Никола Богданоски

Свечената седница по повод 80 години гимназија „Мирче Ацев“  Прилеп, Радио Пела ја пренесуваше во живо на својот профил на Фејсбук.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Авганистан ли е, Македонија ли е ?!

Гордана Цветаноска

Тешка кражба во Прилеп, крадецот приведен

Пела Редакција

70 години списание „Стремеж“

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе