19.2 C
Прилеп
четврток, 24 април, 2025
Пела Радио

Авто Контрол донираше во Детското одделение во прилепската болница

Прилепската компанија Авто Контрол Станица за технички преглед со уште една донација за добробит на заедницата. Овој пат за потребите на Детското одделение во ЈЗУ Општа болница со проширена дејност „Борка Талески“ Прилеп Авто Контрол донираше лап топ за подобрување и олеснување на работата на медицинскиот персонал.

Како општествено одговорна компанија, ние веруваме дека секој мал чекор кон подобрување на заедницата има големо значење. Денес со особена чест и радост донираме лаптоп на Детското одделение во болницата Борка Талески од нашиот град, со надеж дека ќе придонесе за олеснување на работата на медицинскиот персонал и ќе донесе насмевки на лицата на најмладите пациенти. Грижата за заедницата е наша заедничка одговорност, и ние ќе продолжиме да даваме поддршка таму каде што е најпотребно. Благодарност до целиот тим на општа болница Борка Талески за нивната посветеност и грижа за децата, посочи Даниела Перканоска од Авто Контрол.

 

 

Би можело да ве интересира

КУПИ И ПОДАРИ ОБРОК-НАХРАНИ СЕМЕЈСТВО, хуманитарна акција на прилепските Лајонси и ресторани

Гордана Цветаноска

Кој ќе го пресече „гордиевиот јазол“ во Еурокомпозит?!

Гордана Цветаноска

(ВИДЕО)Николоски: во рок од 4 г. ќе ги решиме сите инфраструктурни прашања во општина Прилеп

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе