12.9 C
Прилеп
среда, 16 април, 2025
Пела Радио

Кога книжевноста оживува на филмското платно

Со почетокот на годинава програмата на Центарот за култура „Марко Цепенков“ е збогатена со културни содржини од областа на книжевноста. Станува збор за литературно-едукативен циклус кој досега доживеа две изданија кои вклучуваат промоција на книги и дискусија за истите.

В среда, на 5 февруари од 18.00 часот во фојаето на Центарот, ќе гостува теоретичарката на филмската уметност Ана Опачиќ која во рамки на настанот ќе ја промовира својата книга „Авторски политики во филмските адаптации“.

Станува збор за докторска дисертација  спакувана во книжевен формат на авторката која е доцент на Универзитетот „Еуропа Прима“.

Ова теориско и аналитичко дело, во три сегменти (како што е конципирана
неговата содржина), преку апликативен модел на анализа прави истражувачко спојување
на две круцијални уметнички форми – книжевноста и филмот. Во истата, Опачиќ
загатнува неколку клучни прашања од областа на интермедијалноста при филмските
адаптации на книжевни дела.

Книгата ќе ја промовира Звонко Димоски, а модератор на настанот е Александар Еленин.

Ова издание на овој литературно-едукативен циклус именуван „Порцеп во процес“ е во соработка меѓу ЦК „Марко Цепенков“ и филмскиот фестивал на кратки филмови Winter Apricots и воведен настан во тридневното деветто издание на Интернационалниот филмски фестивал на краток филм „Winter Apricots“, кој традиционално се одржува во Прилеп, Македонија.

 

Би можело да ве интересира

Започна реконструкцијата на ул. Леце Котески, но пројави реакција кај бизнисмените кои имаат свои објекти

Пела Редакција

За една седмица 15 починати, 377 новозаразени од КОВИД 19

Елизабета Филипоска

Дали од денеска ќе има нови регистарски тaблички со „NMK“?!

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе