4.8 C
Прилеп
четврток, 6 февруари, 2025
Пела Радио

79 години од раѓањето на доајенот Благоја Спиркоски Џумерко

На денешен ден во 1946 година во Прилеп, роден е бардот на македонското театарско, филмско и телевизиско глумиште Благоја Спиркоски Џумерко.

Недоброј се неговите одиграни улоги како на театарската, така и на филмксата сцена, а дел од неговите реплики се цитираат до денес, меѓу неговата многубројна публика која го љубеше исто колку што ја љубеше тој.

Остварил голем број улоги, меѓу кои најсапамтен ќе остане по улогата на Итар Пејо во ТВ драмата „Солунски патрдии“. Одиграл улоги во македонските играни филмови „Тетовирање“, „Викенд на мртовци“, „Како убив светец“, ТВ сериите „Бумбари“, „Погрешно време“, „Наше маало“, „Салон хармони“. Носител  е на повеќе награди меѓу кои „Ристо Шишков“, наградата за најпопуларно ТВ лице на „Екран“ за улогата на Итар Пејо во „Солунски патрдии“, наградата „3 Ноември“ на Град Прилеп, „Петре Прличко“ и нагрдадата за животно дело „Војдан Чернодрински“.

Во Народниот театар во НТ „Војдан Чернодински“ работел од 1966 година се до неговото пензионирање. Освен на театарската сцена настапувал со завиден успех и во поголем број на ТВ драми и серии, во радио драми и во играни филмови.

Иако неговиот актерски опус опфаќа широк спектар на ролји од најразличен жанр во дела од светската класика и современа драматургија, сепак најзабележителни се неговите остварувања во делата од домашната драмска продукција. Во овој контекст некои од неговите најзначајни ролји се токму во дела на автори, како што се: Ристо Крле, Јордан Плевнеш, Миле Попоски, Благоја Ристески-Платнар, Блаже Миневски, Блаже Алексоски и др. Показателни за неговата актерска сензибилност и афинитет се и неговите креации во камерните театарски форми (Ибро Јаране), а неодминлив е и неговиот потфат за опробување на теренот на лизгавиот жанр на монодрамата. Така, ќе остане забележано дека во монодрамата “Аз, Марко” од Бошко Смаќоски, Спиркоски ќе го манифестира својот талент и усет за комичните нијанси и созвучја, но и за драмските моменти за кои тој е подеднакво благороден медиум како актерска индивидуалност.

Често, неговите креации истовремено се и трагични и комични. На нему својствен начин тој особено води сметка за развојноста на ликот и ситуациите обликувајќи ги ролјите во актерски партитури кои се заокружени и докрај обмислени. Ако накусо треба да се сублимира неговиот учинок тоа е секако виртуозноста и бравурозноста кои секогаш наидуваат на воодоошевено прифаќање од страна на публиката и критиката. Останувајќи најчесто мртов ладен тој засмејува се окулу себе секогаш подготвен за трансформација и менување на ракурсот, подтекстот, приодот и редовно успешниот пласман на зборот, гестот, погледот…

Покрај многубројните улоги, познат е како раскажувач во аудиоизданијата на Македонските народни резил приказни.

Почина на 11 јуни 2015 година во Прилеп, на 69 годишна возраст. Неговата ќерка Марија Спиркоска-Илијеска е исто така успешна театарска, филмска и телевизиска глумица, вработена во НТ „Војдан Чернодрински“ во Прилеп.

Видео материјал: Бардовите на македонското глумиште

Би можело да ве интересира

Струјата во првиот блок поевтинува, во третиот блок поскапува за 2,88 %

Пела Редакција

Денеска температура до 41 степен – до утре важат препораките за ослободување од работа на ранливите категории граѓани

Пела Редакција

Две изложби во еден ден: изложба на семејството Вујисиќ и изложба на 20 уметници членови на ДЛУП

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе