13.3 C
Прилеп
четврток, 8 мај, 2025
Пела Радио

Поетски перформанс „Љубење со стихови“ по петти пат во Прилеп (ВИДЕО)

На 14 февруари, од 19.30 часот во кафе-галерија Лувр, ќе се одржи петтиот по ред поетски перформанс „Љубење со стихови“ на поетите Филип Димкоски и Лина Димоска.

Станува збор за настан кој вклучува поезија од Димкоски и Димоска, но и од македонски поети од разни генерации и во секое издание поетите рецитираат различна поезија, според мотивскиот и според авторскиот сензибилитет.

Овојпат, освен стиховите на Лина и Филип ќе прозвучат и стиховите и на светските поети на љубовта како Калил Џибран, Жак Превер, Тагоре, Лорка,  љубовна поезија  на Блаже Конески, на Билјана Велковска, како и  поезијата на прилепските автори Сузана Ѓорѓиевска, Звонко Димоски, Далибор Ивановиќ, Андриана Ристеска и Цане Гарески.

– Покрај тоа, ќе ви прочитаме дел од љубовните писма на големите уметници за нивните музи, ќе ве запознаеме со ликот и делата на нашите омилени поети.  Во име на виното и љубовта, се гледаме на 14.2.2025, во Лувр-велат организаторите

Настанот е од отворен тип и влезот е слободен.

Со овој видео-материјал ве потсетуваме на атмосферата од четвртото издание на „Љубење со стихови“ кое се одржа во август 2024 година во клуб „Таверна“.

 

 

 

 

Би можело да ве интересира

Пиво Фест 2022 : Забава за сите генерации – Љубојна ги разигра посетителите (ВИДЕО + ФОТО )

Никола Димески

Ниските теператури и снегот сеуште присутни

Пела Редакција

ИН МЕМОРИАМ: Почина примариус Антоноски, еден од основоположниците на современата медицинска биохемија во Македонија

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе