20.4 C
Прилеп
сабота, 19 април, 2025
Пела Радио

На денешен ден роден е прилепчанецот кој го одржал првиот час на Филозофскиот факултет

На 16  февруари 1912 година во Прилеп, роден е македонскиот славист, македонист и универзитетски професор Крум Тошев.

Гимназија завршил во Битола, а потоа дипломирал на Филозовскиот факултет во Белград. Тој  го одржал првиот студентски час на тогаш, новооснованиот Филозовски факултет во Скопје. Членувал во Комисијата за кодификација на македонскиот литературен јазик, а бил член и на првиот редакциски совер на новооснованото Државно книгоиздателство Македонија.

Раководел со одделот за народна книжевност при Институтот за фолклор, а прв директор е на Институтот за македонси јазик „Крсте Мисирков“.

Бил уредник на списанијата „Македонски јазик“ и „Литературен збор“ и Крум Тошев  и Блаже Конески  се автори на „Македонскиот правопис со правописен речник“.

Автор е на повеќе учебници и читанки по македонски јазик и литература за основно и средно образование. како и поголем број научни и стручни трудови за основните одлики нав фонолошкиот и граматичкиот систем на македонскиот литературен јазик.

За него Блаже Конески ќе рече: „Tошев е навистина голем.Тој е во основата на она што го нарекуваме македонистика и во потесна смисла наука за македонскиот јазик“.

Основното училиште во с. Трубарево крај Скопје, го носи името на Крум Тошев.

Починал во Скопје во 1976 година.

 

Фото: Old Prilep

Би можело да ве интересира

Некој насилно влегол и го запалил угостителскиот објект на ул.„Архиепископ Доситеј“ во Прилеп

Пела Редакција

Во Прилеп прекин во снабдување со струја на повеќе улици

Пела Редакција

Зачестени физичките напади, но и пријавувањето на истите во полиција

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе