Оддржан Zoom состанок помеѓу Про Бокс Македонија и тимот на WBC BoxMed: Македонски боксери се регистрираа на платформата за подобрување на здравјето и безбедноста.
Неодамна се одржа Zoom состанок помеѓу тимот на Про Бокс Македонија, локалната комисија за професионален бокс –официјален претставник на Европска Боксерска Унија(EBU) и Светскиот Боксерски Совет(WBC) , американскиот претставник д-р Andrew Kluger и претставниците на WBC BoxMed,на кој беше претставена иновативната платформа која го следи здравјето и физичката состојба на боксери низ целиот свет. Главната тема на состанокот беше официјалната регистрација на македонските професионални боксери на платформата WBC BoxMed. Целта на оваа иницијатива е да се обезбеди континуирано следење на нивната тежина, исхрана, тренинг, и здравствената состојба, со што ќе се гарантира нивната безбедност и подготвеност за настапи во професионалниот бокс. WBC
BoxMed, развиена од Светскиот боксерски совет (WBC) во соработка со Conexión Fácil 2.0, обезбедува лесен пристап до важни медицински информации и препораки. Платформата нуди следење на повреди, вреднување на медицинските сертификати и препораки за одржување на здравјето. “Регистрацијата на нашите боксери во BoxMed претставува значаен чекор кон поголема безбедност и професионализам. Оваа платформа ќе ни помогне за нашите спортисти да ја одржат најдобрата форма и да бидат под постојан медицински надзор, што е од суштинско значење во професионалниот бокс.”изјави претседателот на Про бокс Македонија Весна Чатлеска Д-р Оливер Тасески , медицински претставник на ПБМ, додаде: “BoxMed ни овозможува детално следење на здравствената состојба на боксерите со сите детални медицински прегледи, што е од клучно значење за нивната безбедност. Со ова, навремено ќе се детектираат можни ризици и ќе се преземат соодветни мерки. Со редовното следење на нивната здравствена состојба, можеме навремено да реагираме и да ги спречиме потенцијалните ризици. Ова е особено важно во професионалниот бокс, каде што здравјето и формата се клучни за успеси“ “Со оваа регистрација, македонските боксери ќе бидат во чекор со најдобрите професионалци во светот, бидејќи BoxMed е задолжителна за сите шампиони и првите 15 рангирани боксери во секоја категорија на WBC“-истакна секретарот на Про Бокс Македонија Дарко Чатлески
https://www.instagram.com/boxmedwbc/