-1.9 C
Прилеп
четврток, 20 февруари, 2025
Пела Радио

СВР Битола: Исконтролирани 394 возила и возачи, најмногу казни за брзо возење

Полициските службеници од Секторот за внатрешни работи Битола во текот на вчерашниот ден (18.02.2025) продолжија со засилените сообраќајни контроли на патиштата . Притоа, вкупно беа издадени 84 платни налози за сторени сообраќајни прекршоци по различни основи согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за возила, а наплатени се 32 платни налози.

Според статистичките показатели од 394 вкупно исконтролирани возила и возачи, прекршоците по основ на пречекорување на брзината на движење повторно предничат така што евидентирани се вкупно 18 прекршоци, притоа откриени 5 возачи што управувале возило без возачка дозвола, како и 2 возачи кои што управувале возила под дејство на алкохол. Покрај ова, изречени се и 5 платни налози по основ на некористење сигурносен појас, потоа 4 по основ на говорење на мобилен телефон при возење, откриени се и 19 непрописно паркирани возила, 8 прекршоци за непрописно престигнување, како и 11 прекршоци кои ги прават пешаците.
Сообраќајните контроли на СВР Битола продолжуваат и во наредниот периот при што апелираме до возачите и пешаците да ги почитуваа сообраќајните правила и прописи, соопштуваат од СВР Битола.

Би можело да ве интересира

Прилеп: Регистриран уште еден нов случај на заразен од Ковид 19

Гордана Цветаноска

МЗШВ донесе забрана за вршење на рекреативен риболов

Гордана Цветаноска

До каде е изградбата на резервоарот за вода во с. Белушино?

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе