7.9 C
Прилеп
понеделник, 24 февруари, 2025
Пела Радио

СВР Битола: викенд контроли -1264 исконтролирани возила и возачи, издадени 287 платни налози

СВР Битола на подрачјето од регионов, викендов продолжи со засилени контроли во рамки на кои биле регистрирани 287 прекршоци од кои најмногу за пречекорување на брзината на движење:

Полициските службеници од Секторот за внатрешни работи Битола, во текот на викендот (21/22/23.02.2025), продолжија со засилените сообраќајни контроли на патиштата . Притоа, вкупно беа издадени 287 платни налози за сторени сообраќајни прекршоци по различни основи согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за возила, а наплатени се 109 платни налози.
Според статистичките показатели од вкупно 1264 исконтролирани возила и возачи,прекршоците по основ на пречекорување на брзината на движење повторно предничат така што евидентирани се вкупно 146 прекршоци, притоа откриени возачи што управувале возило без возачка дозвола –27, како и 16 возачи кои што управувале возила под дејство на алкохол. Покрај ова изречени се и 17 платни налози по основ на некористење сигурносен појас, потоа 4 по основ на говорење на мобилен телефон при возење, откриени се и 31 непрописно паркирани возила.
Сообраќајните контроли на СВР Битола продолжуваат и во наредниот период при што апелираме до возачите и пешаците да ги почитуваа сообраќајните правила и прописи.

Би можело да ве интересира

Поради топлотниот бран Општина Прилеп ги ослободи од работни обврски бремените жени и лицата над 60 години

Пела Редакција

В понеделник отворен ден на СОУ „Орде Чопела“ – Прилеп

Пела Редакција

Прилеп, повторно маки мачи со водоснабдувањето!

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе