7.3 C
Прилеп
вторник, 1 април, 2025
Пела Радио

(Видео) Иновативни, креативни и уникатни – Како ООУ „Климент Охридски“ го одбележаа Меѓународниот ден на лицата со ретки болести?!

Иновативни, креативни униатни  – со одличен перформанс и максимална вклученост на учениците и наставниците ООУ „Климент Охридски“, со поддршка на диркторот Ахил Јаков, своето време го посветија за да одбележат 28-ми февруари , Меѓународниот ден на  лицата со ретки болести, со цел да  поттикнат и да ја подигнат свеста за овие лицата и да испратат јасна порака, преку болони, во разни бои, дека важна е грижата на заедницата и сознаието дека постојат лица со ретки болести за кои треба опшествена грижа и услови.

Ова е одличен начин за подигање на свеста кај заедницата, а пред се кај младите за постоењето на ретките болеси и за предизвиците со кои се соочуваат овие луѓе.

Денес во светот 300 милиони луѓе се соочуваат со некаков вид на ретка болест, а има над 6.000 различни дијагнози. Ретката болест значи недоволна заштита од здравствените органи на државата, недостаток на третман и лекарства, стигма од општеството, но тоа се треба да се промени.

По овој повод, цел месец, во светото и во нашата земја  се одржуваат активности, чија цел е да се подигне свеста во општеството за предизвиците со кои се соочуваат овие луѓе.

Денот на ретките болести е меѓународна кампања за подигнување на свеста за ретките болести. Од почетокот на Денот на ретките болести во 2008, илјадници настани се организираат низ целиот свет и опфаќаат милиони луѓе. Кампањата започна како европски настан и со текот на времето стана глобален феномен, со учество од 94 земји од целиот свет во 2017.

Би можело да ве интересира

Сеќавање на прилепчаните Илија Џувалекоски и Властимир Николовски

Пела Редакција

Посета и дружба со старите лица на учениците од ООУ „Гоце Делчев“

Елизабета Филипоска

Палачинкијада: слатко задоволство за сите, а признанија за првенците на генерацијата

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе