7.3 C
Прилеп
вторник, 1 април, 2025
Пела Радио

ИО ФЕНИКС – Прилеп прослави несекојдневен јубилеј,10 години од своето постоење (ВИДЕО +ФОТО)

Еднаш извидник – засекогаш извидник  , еднаш во Феникс , засекогаш си дел од извидникото семејство кое опстојува веќе 10 години.Со многу активности , со многу дружења , со различни посветени акции и натпреварувања ширум земјава.Една деценија на големи успеси на прилепскиот извиднички одред кој  успеа да си го најде местото под извидничкото “сонце” и да  ги едуцира своите членови на една секојдневна одговорност , искреност и чесност во својот живот .

Во овој извиднички одред , помалку или повеќе, многумина помогнале да функционира во корист на младите , во насока се разбира на едно неформално образование исполнето пред се со една искрена социјализација , со една искрена дружељубива насмевка , секогаш задоволни лица и натпреварувачки извиднички дух.

Честитки за успехот за овие прилепски ентузијасти , фениксот на градот си има своја цел , си има своја енергија , си има свои цели кои ние како тим веруваме дека ќе си ги исполнат.Благодариме за вниманието како медиум кој секогаш ја подржува креативноста и искрениот пристап кон општеството.

А подолу во видеото , го реистриравме моментот кој само извидниците знаат како да го доживеат и опишат во моментот на прославата и одбележувањето , на нивен посебен начин , со многу емоција.

 

 

 

Би можело да ве интересира

Стоби Флипс и Брилијант се најпознати брендови во 2023 година

Пела Редакција

Кога Мало Коњари ќе добие функционален канализационен систем?

Пела Редакција

„Прилеп Фото Фест“ за љубителите на фотографијата

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе