30.6 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

„Љубов и вино“ в петок во „Марко Цепенков“

В петок од 18.00 часот, во фоајето на Центарот за култура „Марко Цепенков“ ќе се одржи поетскиот настан „Љубов и вино“ кој Клубот на литературни творци-Прилеп традиционално го организира  во соработка со Центарот.

Со поезија за виното и љубовта, а по повод празниците „Св. Трифун“ и „Св. Валентајн“ членовите на Клубот на литературни творци ќе приредат пријатна поетска средба пред прилепската публика.

Ќе настапат: Петар Петрески, Марија Ѓорѓиоска, Блага Тутеска, Тони Павлески, Андриана Ристеска, Филип Димкоски, Лина Димоска, Миленко Тодески, Блажо Стојаноски, Елена Јандреовски, Билјана Павлеска, Илина Тодороска, Весна Шереметкоска, Марија Мантова, Дана Тембелеска, Божана Тренческа, Петре Кироваков,  Фаница Корошевска, Наде Велјанова,  Јасмина Колеска Кузманоска, Верче Искова,  Снежана Паноска, Тамара Насевска, Виолета Ристевска и Ацо Тришоски.

Музички гости во програмата  ќе ја бидат  учениците од  OOMМУ „Ордан Михајлоски-Оцка“.

 

 

 

Би можело да ве интересира

Комитски марш – 140 години од битката на четата на Коне Павлев кај манастирот Св. Архангел на Варош

Пела Редакција

Силјаноска Давкова: горда сум на Прилеп, а наскоро ќе се слават 80 години од АСНОМ, од Ченто

Распоред на планирани прекини на електрична енергија за 6, 7 и 8 ми мај во општина Прилеп

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе