10 C
Прилеп
среда, 26 март, 2025
Пела Радио

Општина Прилеп донира еден милион денари за настраданите во кочанската трагедија

Општина Прилеп донира еден милион денари за семејствата на настраданите во пожарот во Кочани. Одлуката е донесена едногласно на денешната 58-та седница на Советот на Советот на Општина Прилеп. За почит кон загинатите, прилепските совеници седницата ја започнаа со едноминутно молчење.

Покрај точките,  поврзани со работата на училиштата, одобрување на програми за изведување на екскурзии,  промена на Статутите на некои училишта со додавање дополнителни членови, за безбедност на учениците, со одобрување за расходовање на дотраени и непотребливи работи во некои осносни училишта ,тие едногласно ја изгласаа  одлуката за измена и дополнување на извршувањето на Буџетот на Општина Прилеп за 2025 година, му дадоа приорите на проект финансиран преку Европска Инвестициона Банка  за подобрување на водната инфраструктура на општините вреден еден милион евра, одлука за потпишување на договор/и грант и одлука за давање согласност и овластување за измирување односно пренасочување на средства од буџетската сметка на Општина Прилеп.

Но дискусиите настанаа кога пред советниците се најде информацијата за безбедносната состојба на подрачјето на Оопштина Прилеп кој до советниците го достави ОВР -Прилеп за 2024 година.Извештајот го елаборираше командирот на ОВР – Прилеп, но опозицијата тврдеше дека безбедносната состојба во Прилеп е крајно лоша и дека показателите се само бројки.

Дискусија настана и за одредување на јавните паркиралишта на кои ќе се врши наплата на паркирање. Јавни паркинзи на кои ќе се наплаќа ќе бидат паркинг просторот кај „Табана“ и пред ЦЈЗ и зад безиската на Макпетрол кај Уредот, а станарите од зградите ќе имаа повластено плаќање.

Советниците во неколку точни расправаа и по одлуки поврзани со  урбанистичкито планови ирање на Општина Прилеп. На ова , советник на СДСМ, Александар Китаноски укажа дека зградата на Општина Прилеп е дивоградба „Над 150 вработени во Општина Прилеп работат во нелегален објект, во дивоградба! Со ставањето во употреба на оваа дивоградба, доведена е во опасност безбедноста на вработените, но и на сите оние граѓани кои од денот на нејзиното предавање во употреба во 2011 година па до денес, по било кој повод или причина, престојувале во општинската зграда“ посочи тој од говорницата.

Советнците донесоа одлуката и за поставување на урбана опрема ,за  формирање на Локален Совет за  Превенција, го усвоија и предлго-планот за работа на ПТПЕ-Прилеп за 2025 година, предлог програмата за активносите на општината за ревитализација по елиминирање на кризата во областа за заштита и спасување во 2025 година, согласност на годишениот план за измена и   дополнување на годишниот план за вработување за 2025 година на ЈКП “Пазари”-Прилеп и утврдување на максималниот износ на вредноста на бодот за пресметување на платите на административните (јавни) службеници за 2025 година во ЈОУДГ ,,Наша иднина’’ Прилеп.

 

 

Би можело да ве интересира

Орден за носител на мирот за Прилепска пиварница од Детската амбасада за сите деца во светот

Пела Редакција

ВО ПРИЛЕП НЕ Е ПРОБЛЕМ, А СЕ’ Е ПРОБЛЕМ!(16)

Гордана Цветаноска

Ќе се врши ревизија на парите потрошени за мостот кај „Сточен пазар„ и за целокупното финансиско работење на предходната локална власт

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе