25.4 C
Прилеп
среда, 24 јуни, 2026
Пела Радио

Ѓурѓовден – празникот на обновување на природата

Православните верници го слават Свети Ѓeорѓи, еден од деветте великомаченици и први маченици за христијанската вера. Според народните обичаи, Ѓурѓовден е празник што се однесува на здравјето на домаќинството, брак и женидба на млади луѓе, плодност на стоката и добри поседи.

Празникот Свети Ѓeорѓи е една од најчестите прослави на православните, Ѓурѓовден според народот се смета за граница помеѓу зимата и летото. На овој ден, црквата го одбележува погубувањето на Свети Ѓeорѓи, што се случило на 23 април 303 година.

Ѓурѓовден е празник што се однесува на народните обичаи, од кои главната е плетење венци од билки, миење со цвеќиња, капење во реката. На некои места, вообичаено е да се украсува со зеленило на Ѓурѓовден пред зори, и да се оди во природа. Ниту за еден друг празник не ги има толку со магиско апотропејска цел како што е случајот со Ѓурѓовден. А сето тоа има за цел да осигура плодност на стоката и полињата, здравје, среќа и напредок на луѓето.

Затоа во една македонска народна пословица се вели: „Дојде ли Ѓурѓовден, чекај си Митровден”.  Берењето на штотуку изникнатите и разлистени растенија е поврзано со обичајот запотнување, како и со обичајот крмење на стоката, а тие пак со верувањето во магичната моќ на билките.

Би можело да ве интересира

Неисправна вода за пиење во повеќе јавни чешми во прилепско

(ВИДЕО)Мицкоски за ископот кај Оревоец: Мораме да најдеме решение!

Загина маж на патот Прилеп-Крушево, излетал од патот

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе