Од идната недела 37 Центри за социјална работа во Македонија ќе добијат обезбедување, како заштита на вработените по инцидентот во Прилеп, кога социјална работничка беше застрелана на работното место, од корисник на социјални услуги во МЦСР во Приелп.
„Постапката за избор на оператор кои ќе ги обезбедува центрите завршува оваа недела (за пет дена). Ќе бидат ангажирани 60 лица кој ќе ги обезбедува нашите 37 објекти во Македонија, со цел центрите за социјална работа , кои се соочуваат со вакви состојби, инциденти, да бидат обезбедени за да не се повторува она што се случи во МЦСР во Прилеп. За месец дена ќе имаме компанија која ќе ги обезбедува сите центрите во Македонија “, изјави заменик Министерот за труд и социјална политика, демографија и млади, Ѓорѓи Велковски при посетата на Прилеп, кој патем го посети и МЦСР-Прилеп и имаше разговор со раковдството и вработените.
Еве што изјави заменик министерот на новинарско прашање: „Кога Центарот за социјална работа во Прилеп, ќе добие обезбедување по инцидентот кој се случи пред еден месец, кога на работноро место беше застрелана социјална работничка ?„