-2.2 C
Прилеп
недела, 22 декември, 2024
Пела Радио

ТИРЗ Прилеп со комплетирана инфраструктура за 15 месеци

На Технолошко-индустриската развојна зона „Прилеп“ во близина на селото Алинци на 10 километри од Прилеп во тек е изградбата на пристапните патишта. Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, градоначалникот Илија Јованоски и директорот на Дирекцијата за Технолошко – индустриски развојни зони, Александар Младеновски денеска извршија увид врз иградежните работи.
Вкупната должина на денивелираниот патен јазол ќе изнесува 2.822 метри, а согласно со спроведената јавна набавка изведбата на клучката, изнесува 240.229.127,00 денари. Изведувач е конзорциумот помеѓу фабрика „Карпош“ АД Скопје и ‘„Херинг дд Широки Брег“ од Босна и Херцеговина.
Сообраќајното поврзување на ТИРЗ „Прилеп“ со магистрален пат Прилеп – Битола, предвидува патен јазол во две нивоа, со кои ќе се овозможи едноставно и безбедно вклучување и исклучување на сообраќајните текови поврзани со магистралниот пат.

– Станува збор за пристапни патишта од 2,8 км, инвестиција вредна околу четири милиони евра, каде што инвеститорите за кои Владата на РМ е целосно посветена.Со почетокот на оваа година имаме 12 странски инвеститори. Владата е посветена целосно на изградбата на железничката и патната инфраструктура, особено на коридорот 10-Д, каде што во моментов се гради експресниот пат Прилеп- Градско, проектната документација се работи на магистралниот пат Прилеп- Битола, кој подоцна ќе прерасне во експресен пат и се разбира поврзаноста на Битола со граничниот премин Меџитлија, каде и овој пат ќе прерасне во експресен пат, истакна министерот Сугарески.

Магистралниот пат ќе добие и надвозник кој ќе продолжи над делот од бензинската пумпа “Макпетрол”, рампи, осветлување, потпорна конструкција, како и спојување на делот со булеварот и патниот јазол, кој воедно ќе служи за поврзување на Технолошко-индустриската развојна зона со магистралниот пат Прилеп – Битола.
-Почнавме со изградба на клучката, која треба да биде готова во рок од 15 месеци, може и побрзо, со оглед на забрзаното дејствување. Дирекцијата за ТИРЗ, според капиталните инвестиции веќе е на 60%, во наредната година ќе завршиме се што имаме започнато. Што се однесува до оваа патна инфраструктура, таа ќе биде готова до следната година, водоводот треба да се заврши за ТИРЗ до крајот на октомври и со тоа оваа зона ќе биде комплетна, рече директорот Младеновски.
Според градоначалникот Илија Јованоски, Општина Прилеп со целата своја логистика, стои на располагање на актуелните и новите, потенцијални инвеститори.
-Денешниот увид е многу важен од безбедносен аспект и токму тоа недостасуваше во оваа индустриска зона. За реализацијата како што кажаа министерот Сугарески и директорот Младеновски е завршена канализацијата, за неколку месеци ќе заврши водоводната мрежа и во наредните 15 месеци ќе се заврши со целата инфраструктура. Со овој проект ќе се реши еден крупен чекор и на компаниите, кои работат во оваа зона, како и на следните кои ќе инвестираат, акцентираше градоначланикот Јованоски.
Технолошко индустриската развојна зона Прилеп се простира на околу 70 хектари земјиште. Во моментов искористени се 25 отсто од проектираните од капацитети.

Би можело да ве интересира

Комфи Ангел за три месеци го зголеми бројот на нововработени

Елизабета Филипоска

Владата планира од септември за увоз на работници од странство

Витаминка на саем во Дубаи

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе