-1.4 C
Прилеп
недела, 23 февруари, 2025
Пела Радио

Се реализира програмата за асфалтирање на прилепските улици

Екипите моментно работат на улицата „Гога Димитриоски“ во Варош.Но, надележните велат дека ќе се менува и дел од водоводната и канализациона мрежа на оваа улица,пред да се стави асфалтот.

“Пред да биде тампонирана улицата и реконструирана коловозната површина ќе бидат сменети околу 450 метри старата и дотраена азбестна мрежа со нова полиетиленска, а ќе биде реконструиран и дел од канализационата мрежа.Минатата недела беа сменети и цевките од водоводната мрежа на улицата ‘Кеј 4-ти Јули’, а наредниот период очекуваме да бидат сменети околу 400-тини метри канализациона мрежа на улицата ‘Цане Кузманоски’.  Ќе бидат обезбедени и повеќе литри вода во секунда, за подобрување на водоснабдуавњето во населенотое место Канатларци. Во тек се активности и за изведување на водоводна и канализациона мрежа во населба Тризла“, – рече директорот на ЈКП Водовод и Канализацијa Емил Јанески, кој заедно зо градончалникот на Прилеп беа на  терен и врешеа увид во работењето  .

Општина Прилеп во моментот ја реализира комуналната програма предвидена за оваа тековна, 2018 година, во која се опфатени повеќе улици во градот. Улица ,,Кеј 1-ви Мај“, што се протега од старата автобуска до ул. ,,Димо Наредникот“. Потоа улицата ,,Динара“,патот до населено место Селце во должина од  620 м. и улица „Цане Кузманоски“.

 

Би можело да ве интересира

ТППЕ – Прилеп: „Не палете стрништа, чистете ги оџаците – 100 пожари само во јануари!„

Елизабета Филипоска

Со трагичен исход заврши потрагата по 46 годишниот прилепчанец

Елизабета Филипоска

(Фото) И, тие помогнаа-успешна хуманитарна акција на Спасителната служба „Златоврв„

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе