1.6 C
Прилеп
сабота, 18 јануари, 2025
Пела Радио

Во Могила опожарени 1 500 бали сено и слама, сопственост на градоначалничката Гулевска

Во периодот од 00,00 до 01,20 часот, вчера 05.08.2018 година избувнал пожар во нива, во атар на село Могила, под закуп на Ј.Г, информира МВР. Во пожарот биле опожарени околу 1500 бали со сено и слама, при што интервенирала Територијалната противпожарна единица Битола и пожарот бил локализиран.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од МВР.
Се работи за нива која е закупена од страна на семејството на градоначалничката на Општина Могила, Јасмина Гулевска.
Во врска со пожарот Гулевска до нашата редакција се огласи со соопштение:
“На 05.08.2018 година во 01.00 часот после полноќ од непознати сторители беше со запаливо средство подметнат пожар со што беше запалена слама во сопственост на фамилија Гулевски со што е предизвикана материјална штета. Претходно, по завршувањето на локалните избори минатата година во месец декември беше подметнат пожар во кој што изгоре општинска слама која беше наменета за производство на пелети за огрев. И двата случаи се пријавени во Секторот за внатрешни работи од Битола, од кои очекуваме да ги пронајдат и санкционираат сторителите“, стои меѓу другото во соопштението од градоначалничката на Општина Могила Гулевска која ги повикува граѓаните на смиреност и да се воздржат на подгревање на тензиите, за да не дојде до ескалација на ситуацијата.

Би можело да ве интересира

Во Комбинатот одбележан 4 ти април – Денот на тутунските работници

Гордана Цветаноска

Двојно зголемен бројот на повици во прилепската Служба на Итна помош

Гордана Цветаноска

ЗНМ:Медумите при известувањето за COVID-19 да не создаваат паника. Граѓаните да внимаваат од кои медиуми се информираат и предност да дадат на медиумите кои се дел од регистарот на професионални онлајн медиуми

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе