По повод одбележувањето на 116 годишнината од раѓањето на Привот Претседател на Президиумот на АСНОМ, Методија Андонов Ченто, со положувањето на цвеќе пред споменикот во Прилеп од страна на преставници од локалната самоуправа, политички партии, преставници од боречката организација, здруженија на граѓани и граѓани, историчарот Рубин Белчески, кој веќе повеќе години работи на проектот „Ченто биографија низ фотографија“, истакна дека покрај постојниот документарен филм за Ченто, добро е и филмските работници да размисла да направат игран филм за животот и делот на Методија Андоно Ченто, бидјеќи со тоа би се прикажала македонската борба за независност
„Филмот би бил според книгата „Ченто мојот татко“, која ја пишувал неговиот, син, а му ја диктирал Ченто кога излегол од затвор. Порачувам филмските работници да се позанимаваат со таа книга, воопштои и со фотографиите кои ги собрав јас. И може комотно да се направи еден игран филм за Ченто, не документарен бидејќи таков веќе има. Ако знаеме дека тој е роден во 1902 годиина, во предвечерјето на Илинденското востание, потоа животот му продолжува во српскиот период, бугарската окупација, секако и повоениот период, така што преку неговото животно дело можеме да го следиме периодот на развојот и страдањата на македонскиот народ во периодот од 1902 година до смртта на Ченто во 1957 година“, истакна Белчески.
Белчески најавува и нов проект поврзан со Ченто „Фото монографија“ за Ченто која што ќе ги содржи сите фотографии за него, како и хронологија на настани поврзани со ликот и делото на оваа значајна личност од историјата на македонскиот народ.- “личност која што целиот свој живот го поминал во борба за самостојна и суверена Република Македонија“-рече Белчески
СООПШТЕНИЕ до медиумите
На одбележувањето и одавањето почит на 116 годишнината од раѓањето на Методија Андонов Ченто не присустуваа преставници од политчката партија на ВМРО ДПМНЕ, со образложение дека добиле ненавремна покана . Во писменото обрајќањето до медиумите меѓудругото од ОК на ВМРО ДПМНЕ се вели: