3.4 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Победа и Шкупи одиграа нерешено

Шкупи и Победа одиграа бледо прволигашко дерби на „Чаир“, во кое главен актер беше прилепскиот голман Тофилоски, кој со серија на одбрани и донесе бод на Победа. Дуелот заврши 0-0 .

Првата закана ја упатија домаќините со ударот на Баже Илијоски од дистанца, но неговиот удар заврши крај дирекот на Тофилоски.  Прилепчани воспоставија теренска рамнотежа и во централниот дел на полувремето почесто ја имаа топката во своите нозе.

Марио Наумоски ја упати првата закана за гостите, а финишот на првиот дел пак им припадна на „гулабите“, кои креираа две полушанси по корнери од десната страна.

На почетокот од вториот дел, Рамадани го внесе Благоја Љамчевски на местото на Велиу. Сепак, гостите подобро го почнаа вториот дел и  Наумоски и Американецот Набуезе опасно ги загреаја ракавиците на Зендели. Во 57. минута поранешниот фудбалер на Македонија ЃП, Христијан Стојкоски изведе слободен удар, но Тофилоски со ефектна парада го спаси голот на прилепчани.

Во 66. минута најзрелата шанса ја имаше Муарем Муарем, кој биеше со глава, но Дарко Тофилоски пак со раката исфрли во корнер. Рон Броја во 75. минута заработи втор жолт картон и Шкупи грчевите го бранеше почетниот резултат. Мегленски го внесе Јорданчо Наумоски, а шозначајна шанса Победа имаше во последната минута кога тројаца фудбалери на Победа во контра се најдоа пред голот на “чаирчани“,но гикманот Зендели беше побрз и ја прифати топката , па ремито како најреален резултат ги задоволи двете екипи.

извор gol.mk

Би можело да ве интересира

ВЕЛЕСКИ ГО ПОСТИГНА НАЈВИСОКИОТ ПЛАСМАН

Гордана Цветаноска

Илиоски-Цинцароски: ние сме “џудо соединение” за високи дострели

Никола Димески

ЖРК ДЕСПИНА ИМА СОБИР НА 4 АВГУСТ

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе