3.4 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Крушево рај за авантуристите (ФОТО – ГАЛЕРИЈА)

Дека Крушево е рај за параглајдерите говорат оние кои што се љубители на овој спорт. Градот и особено полетувалиштето на Мечкин камен е магнет за параглајдеристите од цел свет. Летово, тука се одржаа голем број на натпревари во разни категории, од годинава е отворен и Инфо центар за параглајдинг.
Европското и Светското првенство во змејарство се реализираше од 8 до 21 јули 2018 година.
Крушево, беше арена во која што се натпреваруваше светската елита од 150 пилоти, а Република Македонија по втор пат беше во фокусот на светската воздухопловна спортска јавност и домаќин на околу 300 учесници, пилоти и официјални гости кои престојуваа во Крушево за време на натпреварите организирани од Воздухопловната Федерација нa Македонија.
Но, несомнено градот е мека за љубителите на авантуристичките спортови. Погледнете и зошто….
ФОТО ГАЛЕРИЈА во соработка со Продукција Бозаро

Но, не само змејарство, туку и останатите авантуристички спортови поврзани со природа се интересни за рекреативците.
Деновиве, по 4-ти пат се одржа манифестацијата „Крушево низ корија“. Предизвикот беше голем за над 250 велосипедисти и 50-тина планинари. Велосипедистите возеа 2 тури низ крушевскиите планини, долги 42 и 22 км. Планинарската тура беше долга 15 км.

Би можело да ве интересира

Прилеп, попладне 16,10 часот- редица без ред

Елизабета Филипоска

Почнува трката за откуп на „македонското злато“

Како да ги зачуваме старите занаети во Прилеп?

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе