21.8 C
Прилеп
вторник, 7 јули, 2026
Пела Радио

Полициски билтен: Уапсени возачи, одземени два автомобили

Во текот на еден ден полицијата привела две лица поради сериозни сообраќајни прекршоци – управување под дејство на алкохол и возење без дозвола:

На 17.02.2026 во 22:50 часот во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп  ја лишија од слобода 37-годишната С.Ј.М. од Прилеп. При контрола во патниот сообраќај на ул.„Страшо Пинџур“ во Прилеп, полициските службеници сопреле патничко возило „опел“ со прилепски регистарски ознаки, кое го управувала и по преземени мерки било констатирано дека С.Ј.М. е под дејство на алкохол, односно дека има 1,77 промили алкохол во крвта. Возилото е одземено, а по целосно документирање на случајот, против неа биде поднесена соодветна пријава.

На 17.02.2026 во 19:20 часот во с.Ропотово, прилепско, полициски службеници од Полициското одделение Ропотово лишија од слобода 16-годишник од с.Дебреште, општина Долнени. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „фолксваген голф“ со прилепски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки било констатирано дека го управувал возилото, без претходно положен возачки испит. Возилото е одземено, а по целосно документирање на случајот, против него биде поднесена соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

Ристески: Во првите 100 дена, ќе иницираме постапка за 500 нови ургентни вработувања во здравството

За дискриминација на тутунарите се подготвува Претставка до Уставен суд

Приведен прилепчанец за предизвикување пожар

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе