Прилеп денеска доби Центарот за дневен престој на стари лица за активно стареење, кој што ќе биде наменет за повозрасните лица не само од Прилеп, туку и од Кривогаштани и Долнени. Центарот ќе обезбедува грижа, поддршка, социјализација и различни активности за повозрасните граѓани. Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, истакна дека станува збор за значаен проект кој претставува уште еден чекор кон развој на современи, достапни и квалитетни социјални услуги.
„Нашата цел беше да создадеме место каде што повозрасните лица нема да бидат изолирани, туку ќе имаат можност активно да го исполнуваат своето секојдневие преку дружење, социјализација, едукативни, културни и рекреативни активности, како и психосоцијална поддршка и грижа од стручен тим“, порача Проданоски.
„Како локална единица ние остануваме посветени при унапредување на социјалните услуги на нашите граѓани веќе имаме цела палета на социјални услуги. Благодарение повторно ќе повторам и на австриското министерство за социјална политика и и во иднина ќе продолжиме да ги поддржуваме сите иницијативи кои носат добро за нашите граѓани. Верувам дека овој простор овде, овој центар ќе биде место каде ќе се споделуваат животни искуства, а нашите повозрасни сограѓани ќе добијат можност за активно стареење,“ рече Каравилоски.
Центарот располага со капацитет за најмногу 48 корисници, а заинтересираните граѓани ќе можат да аплицираат преку Центарот за социјални работи – Прилеп. Во моментов Центарот за активно стареење започнува со работа со 10 корисници коишто ги исполниле условите и аплицирале за остварување и користење на првото.
„Апел јавно до сите оние коишто имаат желба. Единствениот услов можеби за разлика од другите услуги е што овде корисниците треба да се повеќе мобилни, бидејќи здружението на месечно ниво ни предлага програма којашто ќе мора да се реализира во текот на тековниот месец и најдобро е или најповеќе затоа што е активно стареење. Корисниците коишто ќе бидат опфатени во овој дневен центар мора да имаат подвижност и да можат да имаат не толку намалена функционална способност,“ рече Зоран Малкоски директор на Меѓуопштинскиот центар за социјална работа Прилеп.
„
Ова е еден од 10те центри што се отвораат во државата од ваков тип, со ваква социјална услуга, со поддршка на проектот за подобрување на социјалните услуги од ваков тип, на Светска банка и Министерство за социјална политика, демографија и млади. Ќе работиме во соработка и со училиште и со цел да им овозможиме програма и активности коишто се од нивни заеднички интерес, од психолошка, здравствени услуги, физиотерапевтски услуги, во делот на намалување на социјалната изолација, услуги за спорт и рекреација. Сакаме да дадеме придобивки и за старите лица коишто ќе ги користат овие услуги, за нивните семејства, зашто ќе знаат дека нивните мајки, баби, татковци, дедовци се некаде и се згрижени четири часа. Меѓутоа и кај општините да можат да покажат дека ги исполнуваат законските регулативи согласно промената на законот за социјална заштита од 2019 и барањето за децентрализација на социјалните услуги,“ посочи Тошеска.