КРИВОГАШТАНИ – Започна реализацијата на проектот за реконструкција на дел од улицата „Методија Патчев“ во Боротино, до црквата „Св. Марина“.
Реконструкција на дел од улицата „Методија Патчев“ во должина од 188,5 метри, значително ќе придонесе за подобрување на локалната патна инфраструктура во општина Кривогаштани и полесен пристап на жителите до црквата „Св.Марина“ во Боротино.
Вкупната вредност на проектот изнесува 1.736.451 денари, а средствата се обезбедени преку Министерството за транспорт, согласно Програмата за капитални дотации за единиците на локалната самоуправа.

