10.7 C
Прилеп
понеделник, 31 март, 2025
Пела Радио

Каква е излезноста на референдумот во Пелагонија?

До 18 и 30 часот на денешниот референдум на гласање излегле 34,09 проценти од обработени околу 85 проценти од податоците, од запишаните гласачи во Избирачкиот список и своето право на глас го оствариле 519.435 гласачи.


Каква е излезноста во Пелагонија?

Во Општина Прилеп излезноста до 18 и 30 часот изнесува 35,33% од вкупно запишани гласачи 64.225; Во Битола излезноста изнесува 32,73%, од вкупно запишани 82.131 гласач, во Општина Кривогаштани од 4.740 гласачи своето право на глас го искористиле до 18 и 30 часот 25,54%%, додека во Крушево е најголема излезноста со 41,93% од запишаните 7.936 гласачи.
Во Општина Новаци своето право на глас го искористиле 29,37%, додека во Општина Могила во регионот излезноста е најниска со 21,19%. Во Општина Долнени од вкупно 11.586 гласачи своето право на глас го искористиле 40,07%.

Генералната оценка на ДИК е дека денот поминал добро и мирно, гласањето се одвивало во добра атмосфера со исклучок на одредени инциденти кои се појавиле во попладневните часови, кои по брзата реакција на надлежните, брзо биле санкционирани.
Општина Сарај е една од општините каде што излезноста на граѓаните на овој референдум е една од најголемите, односно 65,59 проценти од граѓаните запишани во Избирачкиот список излегле на гласање.
Од ДИК соопштија дека гласачките места во 19 часот биле затворени.

Би можело да ве интересира

(ГАЛЕРИЈА) Прилеп ПРОЧКА 2024 -Мечкари, Далматинци, кловнови, Чарло Чаплин … по некој Бетмен, криминалци

Пела Редакција

Пријавувањето за вакцинирање може да започне

Елизабета Филипоска

Градоначалниците на општините Новаци и Могила во официјална посета на Република Турција

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе