5.4 C
Прилеп
петок, 15 ноември, 2024
Пела Радио

ТУРНИР ВО МАЛ ФУДБАЛ „СВ.НИКОЛА 2017„ ВО ПРИЛЕП

Пријавувањето на екипите започнува од денеска 28-ти ноември. Во турнирот ќе учествуваат пионери, сениори и ветерани. Турнирот почнува на 12 –ти декември и ќе трае до 28-ти декември. Планирано на турнирот да учествуваат од 32 до 35 екипи. Ќе учествуваат пионери од 2004, 2005 и 2006 година, ветерани со старосна граница над 40 години и сениори. Котизацијата за учество оваа година,споредбено со минатата, намалена!

Во спомен на Велимир Јакимоски, познат спортски работник и татко на Ирена Јакимоска, менаџер и сопственик на „Комфи Ангел„ ,која е постојан поддржувач на светиниколскиот турнир во мал фудбал , по 9- ти пат во Прилеп, ќе се организира светиниколски турнир во мал фудбал што се одржува во рамките на чествувањето на празникот „Св.Никола 2017“ – патронот на Прилеп.

Турнирот и оваа година ќе има хуманитерен карактер. Собраните средства ќе бидат донирани, овој пат за формирање на ценатар за згрижувањето на деца со церебрална парализа истакнаа организаторите.

 

    „Овој турнир беше инициран од мојот покоен татко, Велимир Јакимовски, нашата компанија, поддржани од локалната самоуправа. И, на наше големо задоволство и новиот тим на локалната самоуправа и покрај тоа што имаше многу краток временскиот период да го организира , ја продолжи традицијата. Исто така ја поддржувам идејата за ‘Граѓанскиот парламент’ и згрижувањето на дечињата со церебрална парализа. Огромно е задоволството што средствата од овој турнир ќе се насочат на вистинско место“, посочи Ирена Јакимовска, носител на идејата за свстиниколсиот турнир во мал фудбал и како стопанственик , поддржувач на турнирот!

Пријавувањето на екипите започнува од денеска 28-ти ноември.  Во турнирот ќе  учествуваат  пионери, сениори и ветерани. Турнирот почнува на 12 –ти декември и ќе трае до 28-ти декември.

 Светиниколскиот турнирот во мал фудбал е во организација на новоформираниот „Локален спортски Сојуз“ –  Прилеп, формиран од еминентни спротиси работници за поддршка на сите спортист и спортски здруженија во градот, чии претседател е Гоце Макалоски, и со поддршка на локалната самоуправа на Општина Прилеп.

Ние успеавме во многу краток рок да го организираме овој турнир и мислам дека сè ќе помине во најдобар ред. Ги повикувам прилепчани и сите љубители на фудбалот на 16- дневно дружење, им ветуваме многу забава, интересен фудбал и се надевам дека ова е само еден добар почеток на враќање на спортот во Прилеп, што беше скоро на маргините. Планирано на турнирот да учествуваат од 32 до 35 екипи. Ќе учествуваат пионери од 2004, 2005 и 2006 година, ветерани со старосна граница над 40 години и сениори. Котизацијата минатата година беше 2.000 денари за пионерите, годинава е 1.500 денари, лани за ветераните беше 5.000 денари, сега е 3.000 денари, а за сениорите и сите што сакаат да се пријават до 5 декември котизацијата е 5.000 денари. До 12 декември котизацијата ќе биде 7.000 декември“, рече Гоце Макалоски, претседател на локалниот спортски сојуз.Макалоски одговарајќи на  прашањето на новинарот на Радио Пела за улога на сојузот во иднина, ја истакна иницијативата сите спортски клубови и спортски работници да се приклучат кон сојузот, со цел спортот во Прилеп да се издигне многу повисоко ниво.

 

Поддршката за светиниколскиот турнир доаѓа и од локалната влст. Градоначалникот Илија Јованоски денеска потпиша Меморандум за соработка со „Локалниот спортски сојуз –Прилеп“ за организација на традиционалниот светиниколски турнир во мал фудбал

 „Турнирот ќе има хуманитарен карактер и средствата ќе бидат наменети за отворање Центар за децата со церебрална парализа. Овој чекор е продолжение на ветувањата што ги дадов на ‘Граѓански парламент’, да им излеземе пресрет на овие дечиња, кои што се оставени сами на себе во општеството“, Оваа моја иницијатива ќе биде реализирана и дечињата ќе имаат простор во којшто ќе бидат згрижени, овој е еден од начините да покажеме почит и грижа и овие дечиња и за нивните родители. Тие треба да имаат свое место во општеството“, истакна градоначалникот Јованоски.

Градоачалникот на Прилеп нагласи дека веќе е започна постапката за формирање на центарот, во којшто како што рече тој ќе работат родителите на овие деца,иако локацијата сеуште не е утврдено .Инаку, во Прилеп  посочена е бројка од 85 до 100 деца кои боледуваат од детска парализа,а центар за нивно згижување би бил пригоден за социјалзција и меѓусебно дружење.

 

 

Би можело да ве интересира

(видео) На добар пат формирање на државна Спасителна служба во Македонија – подготовки на „Спасителна вежба Мрежичко 2021“ во присуство на Ангелов

Елизабета Филипоска

Прилеп домаќин на Државно изборно првенство во борење категорија до 15 год.

Победа на раскрсница: ликвидација или финансиска стабилност?

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе