7.3 C
Прилеп
вторник, 1 април, 2025
Пела Радио

ЈОУДГ „Наша Иднина“ добива две нови градинки, а Кривогаштани – Центар за ран детски развој (АУДИО)

Прилепските детски градинки кои работат во рамките на ЈОУДГ „Наша Иднина“ во континуитет ги подобруваат условите за работа и престој на најмладите. Реновирана е градинката „Аличаир“, а инсталирана е нова опрема во кујната во градинката „Гоце Делчев“. Но, ова е само дел од активностите кои се преземаат, паралелно се реализираат повеќе интерактивни проекти намети за децата, од кои „Ботаничката градина“ го сврте вниманието на јавноста не само во Македонија.
Она што е најважно наскоро, ќе се реши акутниот проблем со недостигот од сместувачки капацитет, вели ВД директорот Орце Тодоровски, со приспособување на поранешната градинка во Тутунски Комбинат, а ќе се гради нова градинка во населбата Точила. Воедно, Општина Кривогаштани ќе се оддвои со својот Центар за ран детски развој како посебна единица од ЈОУДГ „Наша Иднина“ Прилеп.
проследете го разговорот со Орце Тодоровски, ВД директор и Бисера Димеска, воспитувачка од ЈОУДГ „Наша Иднина“ Прилеп.

Би можело да ве интересира

Донација „УВ Гард“ – уред за дезинфекција од КОВИД 19 за прилепската болница

Елизабета Филипоска

Утре доаѓа есента, жолти лисја и ниски температури до 10 – 15 степени

Елизабета Филипоска

Утринава снег на патиштата и забрана за движење на тешки товарни возила на патните превои

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе