9.1 C
Прилеп
недела, 3 ноември, 2024
Пела Радио

Кој гласа за „Медена земја“, филмот кој испишува историја?

Од 24 категории за 23 се гласа на тој начин што оној кој има најмногу гласови – тој е победник. Само за најдобар филм се гласа поинаку и тоа во неколку кругови. Секој гласач прави список со номинираните филмови. Филмот кој во неколку кругови гласање најмногу се појавува на прво место на списокот е победник.
Годинава за номинираните на Оскарите – награда која ја доделува американската Академија, гласаа 8469 претставници на филмската индустрија.
За одредени категории како што е избор на најдобар странски филм, каде годинава е номиниран македонскиот „Медена земја“ или за анимиран филм се формираат специјални комитети. Сите членови освен во својата бранша мора да гласаат за категоријата најдобар филм.

Вообичаено Академијата за филмски уметности и наука е дискретна во однос на оние кои гласаат, меѓутоа нема обврска да ги крие членовите на таа институција.
Сите кои гласаат од номинираните за Оскар се членови на Академијата, со седиште во Лос Анџелес. Тие мора да се „реализирани“ експерти во кинематографијата и се претставници на 17 области на филмската индустрија. Станува збор за актери, режисери, продуценти, сценаристи, костимографи и разни техничари.

„Медена земја“ е првиот филм што се натпреварува за наградата за најдобар документарец и за најдобар интернационален филм. Успехот на документарецот е уште повпечатлив бидејќи настана безмалку случајно, кога режисерите Тамара Котевска и Љубо Стефанов го истражувале изолираниот планински крај со цел да снимат краток документарен филм – пишува во написот објавен од британскиот медиумски сервис BBC.

Би можело да ве интересира

Прилеп снема и доби нови дози вакцини за сезонски грип

Елизабета Филипоска

Повисоки сметки за вода во градовите со пречистителни станици.Прилеп е еден од нив!

Елизабета Филипоска

Заев во Прилеп: Да, направивме компромис, но компромисот го движи светот!

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе