11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Гласајте за првиот Македонец – член во поларна експедиција!

Ова е линкот каде само за 1 минута ќе го поддржите првиот Македонец да стане член на една поларна експедиција:

https://l.facebook.com/l.php?u=https%3A%2F%2Fpolar.fjallraven.com%2Fcontestant%2F%3Fid%3D4962%26fbclid%3DIwAR2fzwDbdcl312nRGdMDIpxAGDmtRSX3UKXdVSqKTBthZRfnRcuHcvYt6ls&h=AT1B4ULM-VefCAFLwJDDFeUHLw5SLxg3kz8fblWre-0u3FEPQUw7j62-wIWQKamE-x3p–yeYq-4S4Ph7rfixk4-DjTURGka_aSW5FA_JfVe_B8AzIQvCMDBIsgBNlCgAQ 

Кој е Лале Златановски?
Авантурист, љубител на природата, Македонец по потекло, живее во Шведска со своето семејство. ИТ специјалист… вљубеник во патувања, откривање на нови светови, па дури и кога станува збор за Северниот пол?!
Тој има уникатна и единствена можност – да биде првиот Македонец кој ќе биде член во една поларна експедиција на Северниот пол. Но, за тоа да се случи и да му се оствари животната желба сите ние треба да го поддржиме со гласањето и очекува поддршка од сите нас.
                 Но, како се создаде ваква шанса ?
– Пред неколку денови гледав слики на Инстаграм и тогаш ја видов рекламата за Fjallraven- (познат бренд за облека во Шведска) за нивната поларна експедиција . Сакам нови предизвини и авантури, па решив да се обидам.Мислам дека досега ниту еден македонец не бил дел од ваква експедиција. Ако стигнам на прво место на гласањето кое се одвива на интернет, ќе бидам првиот што ќе го постигне тоа.

 

За 6 дена ќе поминам 300 километри на најсеверните точки на Шведска.

Да се биде во Северна Шведска една недела и да се спие на отворено во шатори повлекува одреден ризик. Температурата може да достигне и до – 30 степени. Она што е најважно на ваквите патувања е да се има соодветната опрема и секако кожата да биде заштитена од студ, вели Лале Златановски.

„Сакам авантури. Заедно со моето семејство барам нови одлични искуства. Мислам дека авантурите треба да се споделуваат со други, па обично патувам со моето семејство, но тие не се воодушевени од идејата да се оди северно од поларниот круг. Но, не можам да се откажам од ова. Тоа е моја шанса да ја доживеам Авантурата! “ – стои на интернет страната каде што се одвива гласањето.

Како што вели самиот истражувањето и запознавањето со нови земји е најголемиот предизвик.
Во текот на годините имам патувано во различни земји, како Северна Кореја, Грузија, Ерменија, Бали, Тајланд, а сега последно бев во Етиопија и Фарските острови. Досега во мојот живот не сум бил на ниту едно вакво слично патување, Јас сакам да патувам, ја сакам природата, го сакам ловот и сум нуркал во вода на температура од 4 степени. Но, мислам дека поларната експедиција ќе биде најтешкиот предизвик со кој сум се соочил досега. Токму затоа сакам да победам на ова интернет гласање и да успеам во мојата мисија, да бидам дел од нешто несекојдневно, додава Лале.

Кои се вештините и талентите на Лале?

Секогаш сум среќен!

– Секогаш внимателно се грижам за групата.

– Јас не ги оставам другите зад себе.

– Можам да те научам да зборуваш и пишуваш на македонски.

– Можам да ви кажам мои приказни од Северна Кореја и други оддалечени места. Или за тоа време кога завршив на вечера со јапонското кралско семејство во Токио“.

Овој исклучителен авантурист има потекло од Битола, но роден е во Шведска каде што живее со сопругата Елин и три сина Ханес, Елиас и Јулиус. Работи во IT компанија. Слободното време го користи за лов, а заедно со семејството уживаат во патувањата на одредени атрактивни дестинации како што е Борнео, Етиопија и Танзанија и Фарските Острови. Интересно е што наредното лето Лале планира да го помине со семејството во Македонија, во битолско од каде потекнуваат неговите родители што ќе биде шанса да го поминат летото со најблиските.
– Последните три години ги поминавме на другата страна на светот, во Колумбија и Индонезија, па затоа нашата наредна авантура ќе биде токму во Македонија, додава Лале Златановски, првиот Македонец кој е најблиску да стане член на една поларна експедиција на Северниот пол.

Гласањето завршува на 12 декември годинава. Досега Лале има над 1 500 гласови, но се потребни многу повеќе.

Да му помогнеме со гласање на следниот линк:

https://polar.fjallraven.com/contestant/?id=4962&fbclid=IwAR3kYBJUxzdwQ_7H9X6GlixcIupFZ2kOAVgSXH_D-we958lgpA-Yghvd8GQ

 

Би можело да ве интересира

Како обилните дождови ќе се одразат врз земјоделството?

Гордана Цветаноска

ИН МЕМОРИАМ – Почина Јане Тренчевски судија при Основниот суд во Прилеп

Елизабета Филипоска

Боево гаѓање: Леково забранета зона, вторник и четврток

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе