11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Што подготвуваат прилепските фризери, бербери и козметичари?!

Во фризерските и козметичарските куолари веќе на „големо„ се шушка за новото шоу које го подготвуваат прилепските стилисти, Prilep Special Show. Шоуто ќе се одржи по втор пат, на 2-ри и 3-ти декември, во организација на Здружението на ФБК – Прилеп.

Што подготвуваат прилепските фризери, бербери и козметичари ни откирва Претседателот на Здружението на ФКБ – Прилеп, Зоран Бошкоски, во ексклузивното интервју за Радио Пела.

  Радио Пела: Здружението на фризери бербери и козметичари (ФБК) – Прилеп и оваа година интнезивно го подготува шоуто наречено Prilep Special Show кое минатата година остави длабок впечаток кај оние кои го постетија. Годинава, тоа ќе се одржува два дена, на 2-ри и 3-ти декември ,во ЦК „Марко Цепенков„. Во рамките на Prilep Special Show, што оваа година подготува Здружението на фризери, бербери и козметичари – Прилеп?! Какви се изненадувања не очекуваат?!

     Зоран Бошкоски :„ Јас искрено Ве поканувам настанот да не го пропуштите! Ова е добра прилика за промоција на Прилеп, како град кој го негува занаетчиството и има квалитетни фризери, бербери и козметичари, кои катадневно ги разубавиваат Прилепчани, кои пак, сакаат  да изгледаат убаво и ги следат модните трендови. Здружението на фризери бербери и козметичари (ФБК) – Прилеп, втора година по ред ќе го организира Prilep Special Show, а оваа година се поттрудивме да донесеме и ексклузивни гости од други држави, чии врвни имиња се познати во светот на убавината: Mитја Taвчар од Словенија, Бобо Шаула од Србија, Димитри Папас од Грција, тим фризери од Косово и Снешка Вуканович од Србија, која е повеќекратен државен првак на Р. Србија и своевремено балкански првак, за изработка на свечени фризури.
Сите овие врвни мајстори на фризура и шминка, доѓаат со свои тимови, што е од огромна чест за нас, како занаетчии и како здружение, но тоа е чест и за градот, бидјеќи ретко може на едно место да се соберат вакви тимови – мајстори, кои ќе го пренесат своето искуство, и на публиката, која ќе го гледа шоуто на 2-ри декември, како и на 3-ти декември на едукативниот семинар, кој е планиран во рамките на настанот.

              Радио Пела: Со што се планира да биде збогатено ова шоу? Како ќе изгледа: Кој се ќе присуствува првиот ден? Што можат да очекуваат посетителите,публиката? Откиритени некои детали?!


        

      Зоран Бошкоски : „Првиот ден на Prilep Special Show е шоу – перформанс посветен на изработка на фризури, шминка, односно комплетен стајлинг на стилистите, на теми од познати филмови и затоа има тематика “Mouvies night”. На сцената во салата на ЈУЦК „Марко Цепенков„, со почеток од 15,оо ч ќе настапат тимови речиси од сите градовите на Македонија, како и нашите прилепски, фризери, бербери и козметичари. Идејата е да тимовите си одбераат сцена од некој филм и треба комплетно да ја презентираат пред публиката. Се разбира, Здружението на ФБК -Прилеп на сите учесници ќе им додели  благодарници и пофалници,за нивното учество,што е мотив и идната година да се видиме повторно. Прогармата ќе биде збогатен и со ревија на невестински фустани, фризури и шминка , а шоуто ќе заврши со караоки вечер, со Александар Блажевки, DJ и со изведба на стед ап комичарот, Марјан Ѓорѓиоски.„

       Радио Пела :Годинава новина е што Prilep Special Show ќе трае два дена . Вториот ден, 3-ти декeмври, Ви е предвиден за едукација. Што ќе содржи едукативната програма и кои се ќе биде дел од неа?

 

Зоран Бошкоски : „Да ,годинава одлучивме да ја збогатиме програмата и со едукативен семинари, кој ќе има и продажен карактер. Ќе има штандови на кои можат да се видат и купат производи од фирмите произведувачи на препарати и апарати за козметика и фризура , а заинтересираните ќе можат да добијат и објаснување за начинот на користење на дел од препепаратите и алатите за работа. Се разбира, од нашите гости од странство, кој ги наведов погоре, заинтересираните ќе можат да добијат и бесплатни совети за начинот на стрижење, изработка на фризура и шминка, начинот на креирање на машка брада и бричење.

 Радио Пела:  Кои се, се покровители на ова шоу?!Имате ли поддржувачи?!

Зоран Бошкоски :„ Се разбира,оваа идејата им се допадна на сите. Имаме огромна поддршка од ЛС на Општина Прилеп и градоначалникот на Прилеп, а наши поддржувачи, што ни е особена чест, се и фримите како: Red Cat – Mitja Tavcar, Inebrija I Alterego, Tessa Consulting – Oro Therapy i Bellababy- Prilep. Искрено сакам во оваа прилика да им се заблагодарам на сите компании и фирми, кои досега помогнаа во организирањето на Prilep Special Show. Ќе ми дозволите да ги набројам: Автоконтрол, Комфи Ангел, Еуроглас, Хоризонт, Манго фрут,Тонка Транс, Бутик Шерон, Акцесорис, Игопер, Албимини, Бела Бејби ,Солар маркет, Ресторан Порта, Ноќен клуб VIP, Ресторан Лаки, Студио Ани, Салон за мебел Тренд, Бако, АД Витаминка, Печатница Ацетони, Пица УНО, Бутик Република, Ренхаул, Foto zrak, Kapital 2006, Винарија Пирган ,Ckaki Tatoo  студио, и искрена благодарност до ЈУЦК „Марко Цепeнков„ Прилеп,кој ни го отстапува просторот за ова шоу во двата дена.

      Радио Пела : Зошто Здружението на фризери бербери и козметичари (ФБК) – Прилеп го прави овој спектакл? Која е идејата ?Што е целта?!

Зоран Бошкоски: „Prilep Special Show е замислено како денови на едукација, забава и дружење помеѓу фризерите, берберите и козметичарите од Прилеп и Македонија! Целта е промоција на фризерскиот, берберскиот и козметичарскиот занает, пред се ,иако основната поента е убава забава, дружба и потврдување на нашите квалитети, со стилски и невообичаени креации,зашто немаме можност тоа да го правиме како секојдневие. А, идејата е едуктивна и креативна, затоа доаѓаат врвни фризерски имиња ,за да може да согледаме до каде сме ние во рамките на светскиот стилизам. Прилепчани ,и сите кои ќе не посетат од другите градови од Македонија, навистина ќе имаат ретка можност да уживаат и да видат што креираат врвните мајстори на модата кога е во прашање фризурата и шминката. Па затоа, отворена е покана и повикот до сите, „ДОЈДЕТЕ НА Prilep Special Show ,настан кој не смеете да го пропуштите!„ – на крај истака претседателот на Здружението на фризери, бербери и козметичари – Прилеп,Зоран Бошкоски

Би можело да ве интересира

И прилепските сметководители го поддржаа протестот

Гордана Цветаноска

Донација до Црвениот крст од компанијата Комфи Ангел

Елизабета Филипоска

Сомниашоп го прослави првиот роденден

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе