11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Новиот странски инвеститор во Еурокомпозит ќе ја подмирува исплатата на отпремнини, заостанати плати и придонеси кон работниците

Процесот со Еурокомпозит, според преговорите на синдикатот со Владата за изнаоѓање на решение, требаше да се одвива во две фази. Но, развлекувањето на постапката, повторно ги поттикнува социјалните тензии на сите работници во оваа единствена компанија во државна сопственост. Работниците кои заминаа како технолошки вишок не ги добиле своите отпремнини, а ниту плати се исплаќаат редовно. Државата на сите работници им должи заостанати плати и придонеси.
Вицепремиерот Анѓушев при работната посета на Прилеп одговараше на прашањето – кога ќе се изнајде соодветното решение за наталожените проблеми со Еурокомпозит.

– Прво требаше да го решиме технолошкиот вишок и тоа да го направиме согласно законските решенија во Република Македонија – тие 130 тина луѓе, кои што беа прогласени за технолошки вишок, нивната судбина да биде предвидлива. Точно тоа и го направивме, и тоа заврши пред 1 месец, така што работниците ги остварија своите права. Веќе имаме две понуди од странски инвеститори за преземање на „Еурокомпозит“ и за негово купување со решавање на заостанатите плати на вработените. Што е многу поважно, сакаме да видиме дека таа компанија ќе има извесна иднина. Знам дека можеби на некого процесот му изгледа бавен, но јас сум приврзаник на тоа процесот да се води квалитетно и што е многу поважно да даде многу поизвесна иднина. Она што јас го гледам во понудите, гледам инвеститорите да се подготвени да направат нови производни линии и со луѓето кои што се останати во Еурокомпозит за нив да обезбедат работа, но не на постојната технологија и на постојниот машински парк кој што е сериозно застарен, туку со комплетно нова технологија, во која што ќе инвестираат и ќе мора да довработуваат до одреден број на вработени, но од други струки, помлади луѓе, кои што ќе бидат со квалификации соодветни на тоа што ќе биде таму потребно. Јас поради коректност не би ги кажувал имињата на компаниите. Тие се сега во моментот две што веќе имаат доставено понуди. Сето ова ми дава храброст дека процесот ќе се заврши, особено што има конкуретност, а за тоа треба да има најмалку две компании, рече Анѓушев.

Отпремнините ќе се исплаќаат онака како што компанијата има финансиски средства, но тоа е помалиот дел од проблемот, кој што ќе биде решен во пакет. Наводно, според вицепремиерот Анѓушев ќе биде решен и проблемот со исплата на сите заостанати плати и придонеси на вработените во Еурокомпозит, што според него, е многу поважно, зашто отпремнината кон групата технолошки вишок е многу помала ставка во делот на неподмирените барања од работниците кон компанијата.

Би можело да ве интересира

WINTER APRICOTS 2023-ФИЛМСКИ ФЕСТИВАЛ НА КРАТОК ФИЛМ ВО ПРИЛЕП

Пела Редакција

Станкоски: Моите примања се од јавен карактер, пресметката за јануари е за неискористен одмор

Гордана Цветаноска

Шумски полицајци нападнати во долненско, пожар на две патнички возила во Прилеп

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе