5 C
Прилеп
сабота, 22 февруари, 2025
Пела Радио

Подај рака,биди човек -дарувај храна

Акцијата почнува од денеска,10-ти и ќе трае до  13-ти декември. Во неколку маркетите низ Прилеп веќе се поставени  кошници за донација на храна. Сите,граѓани, добронамерници кои ќе пазарат, ќе имаат можност да донираат од своите производите,  во кошницата за донации. Хуманитарна акција е насловена  “Подај рака, биди човек” и е во организација на Здружението Епилепсија Македонија, Црвениот крст и градот Прилеп со поддржана од Општина Прилеп.

Целта е велат од Здружението Епилепсија Македонија,  да собере што повеќе храна, пред големиот христијански празник Св. Никола, кој е заштитник на градот Прилеп и по пример на светецот, (бидејќи тој делел храна на болните и изнемоштените лица со голема и племенита љубов ) и граѓаните да бидат хумани и да го дадат својот допринос, односно да помогнеме со храна.

Со оваа хуманитарна акција Здружението Епилепсија Македонија има за цел ќе да овозможи новогодишно пакетче и на тој начин да усреќи дечиња од сиромашни семсјтва со цел и тие да ја почуствуваат новогодишната маѓија како и сите други.

Заедно во соработка со МЦСР членовите од Здружението Епилепсија Македонија, ќе дојдат до ранливите категории граѓани и пред 19-ти, ќе ги поделат пакетите на семсјствата,односно децата. Овој хуманитарена акција пралнираат од Здружението Епилепсија Македонија, да биде традиционалена и да се спроведува  на сите поголемите христијански празници Божиќ, Велигден, Водици итн.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО)Законот за нефер трговски практики пред прилепските стопанственици

Пела Редакција

Ристески: Ветуваме опоравување на земјоделството и на руралните средини

Пела Редакција

(ВИДЕО)СОУ „ОРДЕ ЧОПЕЛА“ НАПРЕДНО И КРЕАТИВНО УЧИЛИШТЕ ЗА ИДНИТЕ ПРОФЕСИОНАЛЦИ

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе