2.4 C
Прилеп
сабота, 22 февруари, 2025
Пела Радио

Прилепските здруженија “Преродба“ и “Прочкари“ се вратија со награди од карневалите во с.Куратица и с.Мокриево

Прилепскиот мајтап, курназлак и обичаи и оваа година ги однесе Здруженијата „Преродба“ и “Прочкари“  на Василичарскиот карневал, во с.Куратица (охридско) и с.Мокриево (струмичко).

 

 

Здружението на жени „Преродба“ настапи со маската „Тајане Бојане„, а „Прочарки“ со познатата маската “Градот на мајмуните“. И, двете здруженија оттаму се вратија со награди: второ место на Василичарскиот карневал во с.Куртица и с.Мокриево доби маската “Градот на мајмуните“, а маската „Тајане Бојане„ ја доби специјлната награда од карневлот во с.Мокриево.

 

„Со групната маската „Тајане Бојане„ во која учествуваат 7 членови, и е афтентична за нашиот крај, прикажан е обичајот од празникот „Иванден“, кога, се месат кравајчиња и кога деца одат од куќа во куќа да се соберат намирници: брашно, масло,шеќер, шеќерчиња …,за подготовка на кравајчињата,пеејќи притоа пригодн песни,како “Тајане бојане ,имаш свате свети јоване“. и др.

 

 

Нашата здужение ја пренесува традиција, и сакаме и овој обичај да им го пренесеме на помладата генерација, па затоа и ја поставивме како карневалска маска“- вели претседателката на Здружението „Прерода“, Лилијана Ѓорѓиоска

„Забава и смеата на карневалите,пред се“- велат од здружението „Прочкари“

“Со групната маската “Градот на мајмуните“, го освоивме второто место и на двата карневали. Станува збор за една афтентична маска од нашиот, прилепскиот  крај,  кој брои 25 члена, иако нашето здружение брои 40 членови.Со оваа маската кај и да појдеме,  многу добро е прифатени од публиката и  секаде предизвикува смеа и внимание.  Маската, минатата година, беше промовирна за прва пат на нашиот карневал „Прочка 2017“.Сепак не се важни наградите, важно е дружењето и можноста луѓето да се смеат и забавуваат “- ни раскажа Горан Ржаникоски ,од здружението „Прочкари“

Со групната маската “Градот на мајмуните“, здружението „Прочкари“ ќе настапи  и в недела(20-ти јануари) на  традиционалниот меѓународен карневал „Ратевски бамбури„ во Берово ,односно беровско с.Ратево.На карневлот ќе учестуваат над 3000 посетители и 300 учесници, според најавите, на организаторите.

Инаку,карневал „Ратевски Бамбурци“, 11-от по ред,  љубоморно ја чува традицијата на жителите на беровско Ратево, стара 600 години. Таканаречените „Бамбурци“ се група луѓе кои се маскираат во кожи што достигнуваат тежина и до 70 килограми и она што е карактеристично за овој фестивал е што карневалот е исклучиво за мажи,затоа на оваој карневал не учествуваа Здружението „Преродба“

Учеството на овие Карневали за прилепските здруженија всушност се увертира за престојниот прилепски Карневал „Прочка 2018“, кој годинава, по 18-ти пат ќе се одржи на 10-ти март, односно на празникот „Велики Поклади“

 

Би можело да ве интересира

Сара пее растура – се наѕира ли нова музичка ѕвезда?

Никола Димески

Како со додатоци на храната најбрзо и најдобро да го подобриме имунитетот?!

Гордана Цветаноска

Најлесниот начин за подготoвка на слатко од дуњи

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе