7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Прилеп најзагадениот град во Македонија ?! Мери ли точно новата мерна станица за квалитетот на воздухот?

Синоќа ,во 21,00 ч. Прилеп го надмина Скопје со аерозагадувањето. Според мерната станица на апликацијата „Mој воздух“, нивото на отровните пм 10 честички на метар кубен изнесуваа над 1.000, што е 200 пати повеќе од дозволеното. Веднаш зад Прилеп беа  Битола, Струмица, Тетово, Гостивар, Куманово и Скопје.

Со право граѓаните веќе неколку дена беа загржени и ги преплавија социјалните мрежи со обновување на резултатите од апликацијата „Mој воздух“, за состобата со

пм 10 честички на метар кубен во Прилеп,како и со коментари и стравување на нивната здравствена состојба.

Денеска, градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски, излезе со образложение,  дека нема потреба од загриженост, ниту носење на маски. Мерната станица во Прилеп е пробна, служи само за тестирање, (кое ќе трае 90 дена), поставена е само 20-тина дена и го мери квалитетот на воздухот само во централното градско подрачје во опсек од 300/400 метри. Но, не одрече дека индексот на загаденост во Прилпе не е точен и дека новопоставената мерна станица не мери точно.

 

 

 

 

 

 

 

 

“Како што добив одговор од стручните лица,  ваквото загадување во Прилеп се случува многу ретко, заради настанатата термичка дисперзија, што се случува во некои котлини во Р.Македонија,а особено во Пелагонија. Немавме долго време податок дали дишиме загаден воздух или не. Почнавме да го правиме првиот чекор за решавањето на прблемот со аерозагадувањето на амбиенталниот воздух со поставувањето на мерната станица, на мое лично инсистирање, два дена пред новата година, период  ,кога најмногу се гори огревно дрво и јаглен, а се согоруваат и гуми, и  пластика, се со цел,  да знаеме од каде да почнеме,со решавањето на проблемот. Мерењето е првиот чекор. Јас како лекар знам што значи проблемот да не се дише чист воздух, особено децата, хроничните болни, болните од белодробни заболувања .

Следен чекор е решавањето на проблемот со загадениот воздух, па стапивме во контакт со стручни лица, со фирмата “Инфо Проект“  од Скопје, која во наредниот период во неколку општини во Македонија, кои ќе бидат како пилот општини, меѓу кои и Прилеп , ќе постават  20/30 мерни станици  во различни делови од градот и така ќе знаме колкаво е загадувањето на целата територија  на Општина Прилеп.

Експерите велат дека не е само горењето на дрва и јаглен проблемот со загадувањето, туку и големите мермерни комбина и други компании кои експлоатираат гранит, нивната работа доведува до зголемувањето на ПМ- 10 честичките, па токму дел од мерните станици ќе бидат поставени таму„- изјави градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски

 

Прашан за мерките кој ќе ги преземи градот против загадувачите тој одговори дека прво треба да се утврдат загадувачите, па потоа да се преземаат мерки против нив.

Мерната станица за квалитетот на воздухот  во Прилеп и денска во 13,оо ч. евидентира огромна концентрација на ПМ -10 честички во воздухот, 427 мг/м3.

 

 

Би можело да ве интересира

Незаборавна прослава на Денот на жената 8 ми март во Мелбурн

Гордана Цветаноска

Зошто викендов треба да го посетите Прилеп?! Три спектакуларни настани: ракометен турнир, детски театарски фестивал, фото изложба …

Елизабета Филипоска

Алармантно: Гори мариовскиoт крај – итно заседава кризниот штаб

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе